Здраво ве молам некој што има запишано или завршено магистерски на хемија - аналитичка да сподели искуство
Дали има некој што студира молекуларна биологија со генетика и ако може да ми кажете нешто повеќе и колкава е тежината на факултетот и од прилика колку сати во ден одвојувате за учење
Јас дипломирав мол.биологија во 2015г. од сегашна гледна точка би запишала или аналитичка биохемија или биохемија со физиологија - заради побрзо вработување. Искрено не се разликуваат многу. Ако имаш желудник - медицина
Јас имам дипломирано аналитичко-структурна хемија и специјализација , по звање сум специјалист по хемиски науки (ова е по стара програма кога специјализација беше 1 година, а магистратура 2 години). Работам по струка, еве едно 20 години..прашај ако имаш нешто што те интересира.
Дали некој може да ми каже каков тип на прашања обично поставува проф. Митко по молекуларна физиологија? Не дава никакви хинтови, па би сакал да знам што да очекувам.
На времето кога јас полагав,ММ беше многууу лабав и полагавме онлајн. Боза прашања даваше. Сега како се полага кај него,усно?
Здраво, Ми треба сертификат за завршена пракса во лабораторија, дали некој знае кај можам да најдам? Благодарам
Ako zboruvash za staziranje,treba da se prijavis vo laboratorija za staziranje pod nadzor na doktor specijalist po biohemija
Дали на некој му требаат? 1) природно географски основи во туризмот 2) туризмот и заштита на животната средина 3) економика на туризмот 4) основи на правото во туристичкото право 5) аграрот во функција на туризмот?
Сакам да прашам мислење за кој факултет е подобар/со кој факултет полесно се наоѓа работа и повисока плата во државава: Фармација или Молекуларна биологија со генетика?
Здраво, дали може некој да објасни како се одвиваат предавањата и вежбите на втор циклус студии по хемија (акредитација 2023 год.)?
Здраво, дали некој од ПМФ може да сподели искуство со испитот по Физика за биолози кај професорот Ристе? Каков е испитот, дали лесно се положува? какви прашања дава и сл.? Благодарам однапред.
Испитот се состои од 5 прашања, ви се дава тетратка од а4 формат и на неа се пишуваат одговори. Одговорите мора да бидат опширно и детално напишани, формули, теории. Како е пишано во книгата така треба да биде одговорено. Се на се, еден одговор најмалку треба да биде напишан на два листа а4 формат. Значи на 5 прашања - најмалку 10 листови да има испишано. Не прифаќа кратки одговори. И да се работи за формула мора да биде детално анализирано кое е и што значи, и нормално примери од пракса. Лесно е ако си го учел материјалот и си посетувал вежби. Препишување не постои, асистентот и професорот носат детектори за сигнал од мобилен телефон и сл. и сите уреди се оставаат на маса кај нив. Среќно!