Студенти на ПМФ-Скопје

Дискусија во 'Образование' започната од milenuska, 14 јули 2010.

  1. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    3.912
    Пол:
    Женски
    Има официјална фејсбук страна за студените на ПМФ и математика за сите генерации.
    Можеш од било каде да ја земеш. На Шумарски имаш кмижара и на ПМФ во горната зграда имаш, ама понекад не е отворена. Вајда за упидите ќе биде отворена.
     
  2. chopinsnocturnes

    chopinsnocturnes Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2023
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Фала ти! Едно прашање - дали ова е жиро сметката на ПМФ? Има една уплатница за 50 ден таксена марка и една 300. Дали таа за 50 е обична уплатница или и таа се купува пошто мислам дека некаде ја има готова?


    Назив на примачот: УКИМ, Природно – математички факултет, Скопје (УКИМ-ПМФ)
    Банка на примачот: Народна банка на РСМ
    Сметка: 100000000063095
    Сметка на буџетски корисник: 160011080478819

    Приходна шифра и програма: 7230XX-41-2
     
  3. science girl

    science girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2021
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Најдобро од книжарата на Шумарски факултет, бидејќи е можно на ПМФ да биде затворена
     
  4. chopinsnocturnes

    chopinsnocturnes Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2023
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    А може од било која друга книжарница?
     
  5. cikorija

    cikorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали некој знае дали може да се студира Биохемија со физиологија вонредно ВТОР ЦИКЛУС? Веќе неколку денови се обидувам да стапам во контакт до студентски прашања, но никој не крева слушалка..
     
  6. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    1.695
    Пол:
    Женски
    На втор циклус студии нема редовни/вонредни студии. Предавањата/консултации се после 17h со договор со професорот.
     
    На cikorija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. cikorija

    cikorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Фала ти! Може да ме контактираш во приватна порака да прашам уште нешто?
     
  8. Дварфич

    Дварфич Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2025
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Здраво, сакам да прашам дали некој од ПМФ (или од друг факултет) го има слушано предметот Биоми? Нека сподели искуство во врска со предметот. Благодарам однапред☺️
     
  9. Kotto

    Kotto Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2021
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    1
    Dali nekoj od nastavna nasoka od pmf se ima prefrleno slucajno na prirodno matematicki fakultet vo tetovo. Kako e tamu, na pmf dosta loso iskustvo imam...
     
  10. Дварфич

    Дварфич Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2025
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Здраво, дали некој од ПМФ го има слушано предметот Однесување на животните? И дали може да споделите искуство?
     
  11. smwashere

    smwashere Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2025
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво! Јас сум матурантка и се мислам дали да се запишам на молекуларна биологија со генетика. За понатаму здравје боже би сакала и магистар да запишам. Дали би сакал некој што е на оваа насока да ми сподели искуства со предавања, професори, вежби, итн.. Дали мислите дека е добра насока, дали е премногу заситена,… Во последно време слушам mixed opinions и почнува да ме фаќа малце страв. Се мислев и општа медицина да запишам ама сметам дека не вреди во државава тој стрес. Како и да е сакам нешто со генетика да учам и работам. Незнам веќе кај да се обратам па решив тука да пробам. Било какви информации се добредојдени од страна на оваа исплашена матурантка
     
    На SanjaP. му/ѝ се допаѓа ова.
  12. OpasenMafijas123

    OpasenMafijas123 Нов член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2026
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Студирам на овој смер и би ти го препорачала баш. Професорите се супер со некои исклучоци, добри материјали за учење, интересни предавања. Вежбите се баш интересни во прва година така да нема да ти е досадно и монотоно. Смерот би рекла дека е малку захтевен но не е ништо невозможно, со малку труд и посветеност се поминува се. Медицината по мое е 12 години учење за малку можности кај нас. На ПМФ нема колоквиумски недели сами си ги договараме полагањата со професорите и асистентите.
     
  13. smwashere

    smwashere Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2025
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Леле ти благодарам премногу! Искрено баш ме охрабри за изборот. Не ми е толку страв за учењето од колку што ми е за идните можности. Фала ти премногу пак, многу ми олесна :)
     
    На OpasenMafijas123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. emilija1999

    emilija1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2022
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Можеш да ми кажеш како отприлика се одвиваат полагањата?
     
  15. ultraviolence

    ultraviolence Активен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2024
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Во прв семестар имаш 7 предмети (види ги на страната ги има, само гледај 2023 акредетација). По сите од нив се полагаат 2 колоквиуми и по сите ако падниш еден колоквиум можеш да одиш на другиот колоквиум, значи не треба да одиш на испит по цел предмет, но ако скаш можеш и така. Освен хемија, ако паднеш еден колоквиум мораш да одиш на цел испит.
    Анатомија не можеш да го полагаш на колоквиуми, предвиден е за испит (не е тешко воопшто).
    По цитологија, анатомија, клеточна биологија полагаш и теорија и вежби/практично, а хемија се полага теорија и нумерички вежби и математика имаш и теорија и задачи и можеш да си бираш дали сакаш само задачи или само теорија, подобро е ако можеш и двете, но не е страшно математика, се положува.
    Имаш испитна сесија во јануари и февруари (трае еден месец) и тогаш ги полагаш сите делови што ти се останати, т.е. тоа што не си положила на колоквиуми.
    Исто така има и казнена сесија во март за која се плаќа 1000 денари и можеш да полагаш само еден предмет(и теорија и вежби можеш да полагаш по истиот предмет), и ако ти има останато некој предмет подобро е да платш и да го полагаш, ама стварно да го научиш , отколку в лето да се секираш и за тој еден предмет.
    Во втор семестар се 5 предмети, еден е изборен (оценувањето зависи од тоа кој предмет ќе го избереш, но мислам по сите се прави проект/семинарска), еден од предметите е за исит (диверзитет на животни) и другите 3 се полагаат на колоквиуми и ако падниш кој било од колоквиумите се оди на испит, вежби се полагаат само хистологија и тоа е баш лесно.
    Ако те интересира нешто друго слободно прашај ме.
    Еве ја страната, тука има убаво објаснато.
    https://ib.pmf.ukim.edu.mk/streams/view/11
     
    На Biochemist-27 и emilija1999 им се допаѓа ова.
  16. Biochemist-27

    Biochemist-27 Нов член

    Се зачлени на:
    Денес
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Здраво, на сите имам неколку прашања во врска со студиите.
    Со завршен фармацевтски или факултет за спорт дозволени се специјализации на медицинскиот факултет. Ме интересира дали со завршени студии по молекуларна биологија со генетика, аналитичка биохемија или биохемија и физиологија дозволени се специјализации по генетика, ендокринологија или клиничка(медицинска) биохемија?