Доколку ти оди хемијата повеќе запиши се на чиста хемија. И верувај нема да е залудно потрошено време, имам разговарано со луѓе кои го завршиле овој факултет и се вработени и земаат одлична плата. Јас ке се запишувам применета хемија-аналитичка биохемија па можеби и ке бидеме колешки
Има ли некој кој е на наставна биологија или некој што планира да оди, да ми објасне како и што е, со колку поени примат?
има ли некој што ќе оди на туризам под институтот за географија на ПМФ? Брат ми денеска таму ќе се запишува па ако има некој да каже што како е, и со електронската пријава направивме грешка, ако некој се разбира околу тоа пријавувањето нека ми пише ЛП што е можно побрзо
Здраво LovelyGirl, Да ли брат ти се запишал за туризам? ќе можеш да го прашаш да ли има приемни? зошто слушнав дека имало, па сакав да те прашам, ако можеш да го прашаш, и дали многу се запишаа на тој смер ? Јас сакам да се запишам на тој смер, но на 2ри упис.. Поздрав, се надевам дека ќе ми одговориш.
Да, денес беше и нема приемни. А ми кажа дека немало многу, ама секако незнаеше колку се запишале, бидејќи на факултетот има и други насоки.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ПРИРОДНО - МАТЕМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ВО УЧ. 2014/2015 ГОДИНА НА 25 И 26 АВГУСТ 2014 Г. (ПОНЕДЕЛНИК И ВТОРНИК) ОД 08.00 ДО 14.00 ЧАСОТ 1. Индекс и студентска легитимација; (истите можат да се подигнат од Службата за студентски прашања - бесплатно) 2. Две фотографии со големина од (3,5х4,5) и една фотографија со големина (2х3); 3. Образец за запишување на семестар. 4. Пријавен лист од Државниот завод за статистика на РМ. (Образец ШВ. 20) Потврда за уплатени средства во износ од: 5. 200,00 денари, за оформување на студентско досие; 6. 100,00 денари за библиотечен фонд за библиотеките на Институтите при ПМФ; 7. 100,00 денари за колективно осигурување на студентите на ПМФ од несреќен случај; 8. 100,00 денари за Студентски парламент * (само за оние студенти, што сакаат да бидат членови на Студентскиот парламент); 9. 750,00 денари за информатички, културни и спортски активности на студентите на ПМФ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје; 10. 100,00 денари за обезбедување; 11. 350,00 денари за прирачник, 12. прва рата од 100 EUR (во денарска противвредност, според средниот курс на Народна банка на РМ на денот на уплатата) за редовните студенти запишани во државна квота, или 13. прва рата од 200 EUR (во денарска противвредност, според средниот курс на Народна банка на РМ на денот на уплатата) за редовни студенти запишани со кофинансирање од 400 EUR (на две рати) во согласност со Конкурсот, или 14. прва рата од 200 EUR (во денарска противвредност, според средниот курс на Народна банка на РМ на денот на уплатата) за вонредни студенти запишани со кофинансирање од 400 EUR (на две рати) во согласност со Конкурсот. ГОРЕНАВЕДЕНИТЕ УПЛАТИ ОД РЕД.БР. 5 ДО РЕД.БР.14, СЕ УПЛАЌААТ НА ОБРАЗЕЦ ПП50 НА ЖИРО-СМЕТКАТА НА ПМФ, НА СЛЕДНИОВ НАЧИН: - Назив и седиште на примач ПМФ – СКОПЈЕ - Банка на примач НБРМ - трансакциска сметка 100000000063095 - сметка на буџетски корисник-единка-корисник 1600110804 788 19 - приходна шифра – програма – начин 723019 41 2 Напомена: Во деновите на упис на примените студенти, на 25 и 26 август 2014 г., од 08.00 до 14.00 часот, студентите, ќе имаат можност да ги извршат уплатите на ПМФ во просторија 95, каде ќе биде сместен службеник од Комерцијална банка. Студентите на ПМФ ќе можат да подигнат пополнети уплатници за гореневедените уплати, додека потребните обрасци за упис можат да ги набават во книжарата на главниот влез на старата зграда. 15. административна такса од 50,00 денари, се уплаќа исклучиво на уплатната сметката на Буџет на Република Македонија , на образец ПП50 кој се пополнува на следниов начин: Назив на примач: Буџет на Р. Македонија Банка: НБРМ Уплатна сметка 840-ХХХ-03161 ХХХ - се пополнува ознаката на општината, на адреса на живеење уплатувачот на таксата на студентот, согласно списокот на општини) Приходна шифра-програма-начин 722313-00-2
Кога ќе бидат истакнати листите на кој се примени со кофинансирање а кои без кофинансиранје, и кои не се воопшто примени?
Мора ли да уплатеме во комерцијална банка, на страната ова го пишува??? Ако може некој да ми одговори брзо. Напомена: Во деновите на упис на примените студенти, на 25 и 26 август 2014 г., од 08.00 до 14.00 часот, студентите, ќе имаат можност да ги извршат уплатите на ПМФ во просторија 95, каде ќе биде сместен службеник од Комерцијална банка.
Planiram da se zapisam na vtor upisen rok na PMF-biohemija i fiziologija imam 92,205 boda imam sansi?
Имаш шанси, ама дали има слободни места е прашањето. И јас сакам да се запишам таму на втор уписен рок, ама со оглед на тоа дека на повеќето факултети се пополнети местата при првиот уписен рок, знак прашање е што се дешава на пмф. И кога се всушност вторите уписи на пмф?
Pa ima valjda taka mi kazaa mislam zavisi dali drzavna ili privatna inachena 3 ti ke bide izglea vtor upisen rok