Здраво. Бидејќи тешко дека ќе можеме да добиеме работна виза за Канада, планираме со студентска виза. Случајно наидов на агенција Future Option агент Елена Симич. Дали има некој искуство со нив?
И ние сакаме да одиме, токму сега разгледувам опции. Но ние сме со мало дете (4години) и планираме со работна виза. За која област сте заинтересирани, и како ја најдовте агенцијава?
Случајно ја најдов, и искрено незнам што да одберам. Агенткава советува да биде нешто поврзано со работата, па као сакам да се надградам... Сепак не ветува многу бодејќи сепак имам 35 год, и немам основа нешто факултет, па да речам да се надградам. Ќе им било сомнително ќе знаеле дека е само начин да останеле. Многу е полесно за работна ако имате барани професии/занаети. @WildMk полесно е некој да те упати. За секаква ситница враќаат од амбасада.