Ајде студенти повелете Тука како што е напишано и во насловот може да си го дискутираме студентскиот живот. Како ви поминува секојдневието, припремите за испит, што е подобро студентски дом или стан, што преферирате, и како се справувате со тоа што некои првпат си одат од дома на студии во друг град. Што се предностите а кои се недостатоците со кои се справува денешниот студент според вас, секако предлози што би можело да се подобри се добредојдени. Мене на пример не ми беше нешто многу тешко со одвојувањето од дома оти и средно стручно завршив во дру град-Велес (Економија) но она што ми пречи е тоталната неорганизираност во институциите па некогаш мора сам да се снаоѓаш за се, а би можеле да се подобрат условите во студентските домови кои според мене некаде се толку катастрофални и затоа уште на почетокот се одлучива за стан со цимерки Она што ми пречи исто така е што наутро и преку ден се снаоѓаш како знаеш за готвење и храната воопшто
Јас не сум студент, но ќе бидам од есен Планирам да бидам со 2 цимерки под стан и икрено мислам дека нема да ми пречи она готвење сами, сами снаоѓање за разни работи..... Не сум од Скопје и мислам дека нема да ми биде тешко да се одвојам од мојте, баш би сакала малку сама да живеаам , со цимерки.... Би сакала да знам какво е искуството на другите кога се запишале прва година на факс во почетокот како се снаогале
Секако добредојдени се коментари на идни студенти, и оние кои ги поминале тие денови и нивните сеќавања за тоа
Јас си го сакам мојот студентски живот, 2 години седев во стан, убаво ми е, си уживам, не се замарам со мајка ми, шетам, спијам до кога сакам, учам кога сакам.. И многу ми е убаво.. За оваа година завршив со тој живот, па на есен пак убавини...
Јас почнувам од септември со студентски живот...не знам како ќе биде затоа што многу зависи и од цимерките така да искрено се надевам дека ќе ми се погодат... едвај чекам...
Ах шо си го сакам студентскиот живот, убав, слободен, недосаден, планиран и неиспланиран... учиш нови работи, се судираш со секакви лица... стекнуваш искуство шо е најбитно
Јас уште една година ќе го почнам студенскиот живот. И често размислувам за тоа, понекогаш и страв ме фаќа пошто сите се жалат од факултет па добро не одите во пекотол на факултет одите..
Одавј чекав да заминам од дома и тоа ми дојде тоталано освежување. Но, се соочив со ужасни цимерки (во студентки дом). Ајде помина некако, со дечко ми ми беше убаво таму, следна година повторно седев во студентски и беше многу подобро, нови другарки стекнав па и нов дечко, интересни случки, па што се однесува до учењето, во читална не одев, сум учела цела вечер, сум пиела јаки горчливи кафиња и енергетски пијалоци за да останам будна, па од толку неспиење ми се поремети биоритамот и спиев по цели денови, често се успивав за на факултет дури и за денот на колоквиумот, па ме фаќало носталгија за дома и почнувале да ми недостигаат моите, храната, мојата соба, приватност... Да, во студентскиот дом приватноста скоро и да ја немав. Некогаш имав ужасна потреба да останам сама. И оваа година ќе седам во студентски дом, одвај чекам да заминам.