Студентски домови

Дискусија во 'Образование' започната од Unfaithful18, 28 јуни 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.063
    Пол:
    Женски
    Најголема мака за еден иден студент е сместувањето, ако доаѓа од страна. Ако има финансии т.е ако може да си дозволи приватно сместување, ќе си одбере цимери што му одговараат и тогаш ќе се живее некако, а ако е сместувањето во студентски домови, барем според она што ми кажувале, тешко се живее... Условите во кои се студентските домови во Македонија се мизерија. Сестра ми е сместена во еден од нив, сум била таму и навистина немаат никакви услови: хигиената на нула, смрдеата што се ширеше по ходниците неподнослива, вецињата испокршени, оваа зима една недела и без парно греење биле оставени...
    Од друга страна најубавите моменти од студентскиот живот можат да бидат деновите поминати во студентските домови. Според она што ми имаат кажувано, тие дружења со новозапознаените луѓе, искуството што се стекнува таму да се осамостоиш како личност, животот меѓу луѓе, седенки ( и секако учење) се незаменливи.
    Темава ќе ја искористам да ги прашам овогодинашните студенти каде ќе престојуваат од октомври ?
    Од оваа година и јас сум студент. Најверојатно ќе бидам сместена и јас во студентски, бидејќи сега две студентки сме во семејството а моите немаат толку финансии да ми плаќаат стан.
    Па и сегашните студенти нека споделат нивни искуства... :)
     
    На Irreplaceable.xD му/ѝ се допаѓа ова.
  2. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    116
    имам другарки кои се сместени во студенски домови секој студенски дом е различен но тие и не се многу задоволни од уловите во кои живеат на пример во стив наумов е катастфора особено во бараките во зградите пак некако се живее чистачките секое сабалје чистат но студентите се тие кои сами растураат и кои прават да им биде да не кажам кнасен животот
     
  3. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.805
    Пол:
    Женски
    имам другарка која беше сместена во дом. значи не знам што повеќе да кажам освен дека доаѓаше постојано да спие кај нас во станот :worried: можете да замислите во какви услови живеела и како проживеала таму :|
     
  4. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.461
    Јас искрено не знам каква е состојбата во студентските домови, знам само дека е поевтино, јадење си купуваат од таму со бонови и то.
    Вчера баш правев муабет со татко ми и му викам: „Да му текнит на некој да напрајт приватен студентски дом во Скопје, многу студенти ќе се спасат“
    Вака со барањево станови... мааааки.
     
    На Irreplaceable.xD му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LadyS

    LadyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    jas minatata godina bev smestena vo Pelagonija ... nemozam mnogu da se poplakam deke ne bese ubavo. Edinstveno sto go smetan za nedostatok e guzvata vo menzna vo 17h ( cekas za jadenje po 1 cas), guzvata vo citalna i 5 studenti vo 1 soba, toa e premnogu. Inaku higienata bese dobra, ima druzenje, zabavi ... i ovaa godina pak ke apliciram tamu
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.449
    Допаѓања:
    71.889
    Пол:
    Женски
    Условите за живеење во студентски домови се ужасни, барем колку што знам - имав среќа додека студирав да седам во стан за кој не плаќав кирија, само месечните трошоци, па затоа ја одбрав таа варијанта. Ама имам другарки што седеа во студентски домови, и кога одев кај нив, гледав во какви услови живеат. И ми е криво што државата не вложува и во студентските домови онолку колку што вложува во отворање факултети. Сепак, на младите останува иднината, а тие млади живеат во мизерни услови. Сепак, имаше добри журки на времето....
     
    На Irreplaceable.xD му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ForeverYoung

    ForeverYoung Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    58
    Според тоа што ми кажувале зависи во кој студентски си.Само Кузман и Пелагонија биле ок,додека другите биле ужас.
    Јас планирам во Пелагонија да седам првата година,оти има доста предности студентски..ке се запознаеш со повеке народ,колешки,има повеке дружење а и многу е поефтино за 3800 мислам дека е месечно имаш и храна и сместување,додека околу 5-6000 мислам дека се движат цените на становите во центар и тоа без сметки.
    Имам многу пријателки што седат и седеле таму и сите се фалат дека било супер.
    Кузман е во Центар ама не примаат прва година,а Пелагонија е во Кисела Вода.И за двата мислам дека треба да имаш врски,па кој планира нека почне да бара некој познаник да му заврше работа.
     
  8. Natiii

    Natiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Студентски домови во ск

    Имам план да се запишам на ПМФ во Ск. Меѓутоа незнам ништо за студентските домови... Барам помош од вас да ми кажете кој е најблиску до факултетов, кој е најдобар, во кој е најлесно да те примат и слично...
    Поздрав... :)
     
  9. perdija

    perdija Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    3
    Ахх најблиску до ПМФ ти е студентскиот Стив, ама таму е најголемиот хаос.... новата машка зграда е супер, збор да нема , женската така-така, ама не дај боже во бараките да те сместат аууу :x А овој студентски од секогаш ми бил баш онака за студенти, има се и продавници, и менза, и сендвичара, фотокопир, и онака ме потсека некако на мало градче.Им ја користев читалната, во која смрди на вц и неа не ја бива :^) Во секој случај дружбата е најпозитивната работа низ домовите
     
  10. LaChiquita

    LaChiquita Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    349
    Студентскиот живот во домовите е најубавото нешто што ми се случи додека студирав.
    Нови другарки, дечко, колешки, дружби, журки, групно учење и една важна работа, никогаш нема да се чувствуваш осамено ;)
    Секако дека условите не се баш на највиско ниво, ама сето тоа од тебе си зависи...ако ти и цимерките си ја одржувате собата чиста, тогаш за 5 мин во вц, нема да ви биде ништо. Јас со моите цимерки кои не ги познавав на почеток, и тоа сите четири години имав различни цимерки...сега живеам прекрасно, тие ми се и најдобри другарки без разлика што не ми се колешки или што не сме од ист град. А колку луѓе ќе запознаете не сте свесни...дружење до максимум :d: И што исто многу е битно и што мене лично многу ми помогна е заедничкото учење со колеги и колешки...и искуствата од постарите студенти кои живает низ домовите.
    Мојата најдобра другарка 3 години живееше во стан и 4-тата дојде во дом...верувајте она се каеше зашто не седела и другите години.
    Јас имам живеено 3 годни во Стив и 1 и пол година во Гоце...и двата домови се различни...но Стив секогаш ќе ми биде во срце, и дружењето што таму сме го имале :( секогаш ќе ми недостига
     
    На Irreplaceable.xD му/ѝ се допаѓа ова.
  11. helenamanson

    helenamanson Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Jas mislam deka ne e biten domot tuku cimerkite koi ke gi imas.jas imav mnogu loso iskustvo so moite cimerki vo studentski dom bidejki ima nekoi koi vo skopje doagjaat samo za provod.studentskite domovi se polni so provincijalki koi dosle vo skopje da se isfuraat i da najdat nekoj decko(normalno otkako ke izredat i po 100 dusi).Nema nikakva kontrola,nikakvi sanitarni uslovi.Ustvari za tie pari tolku:D Najdobar dom e pelagonija no 5 dusi vo soba e mnogu.I toa na site moras da im pogodis,da znaes da se prisposobis na sekogo...Studentskite domovi ti se akademija na zivotot :D So site losi iskustva stanuvas posilna :D zboruvam od licno iskustvo.
     
  12. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    1.543
    Допаѓања:
    1.536
    планирам да се запишам на факултетот за јавна администрација во Битола, и 99% ке седам во стан затоа што според кажувањето на некои луѓе студентскиот во бт бил катастрофа, буквално... а јас сакам се да ми е ОК, и не можам да учам ако бидам со 5-6 луѓе во соба, ми треба мир.. така да најдобар избро според мене е стан...
    уште цимерки ми фалат.. ама ке најдам име време до септемри :D :D
     
    На sarchyL му/ѝ се допаѓа ова.
  13. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.369
    Допаѓања:
    1.780
    Значи што не чека од септември мале мале :sweat: :worried: овие моите сакаат да ме пикнат во студентски зошто е поевтино а и посигурно, а јас мислам дека со по 5 луге во соба нема шанси да научам нешто и на сите да им погодиш тоа нема теорија ...... а пак добро е што ке запознаеш нови луѓе ( добри, лоши, секакви :D ) и што ќе се ујачиш малце :D , а добро е што имаш и јадење да не губиш време да го направиш и тоа .... а пак од друга страна не знам колку имаш приватност каква што би имал во стан да живееш. ех овој факултетот не е само учење дефинитивно ....... барем за нас кои сме од страна :(
     
  14. lolicka

    lolicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    5
    Уфф,загрижувачки е ова околу сместувањето ама јас си планирам со стан да седам незнам така ми е најубаво а за во студентските домови уфф сташно луѓе барем таму кај што отидов во Стив бев и се запрепастив но се си има добри и лоши страни нели,сепак како доаѓа времето се повеќе ми е став некако нов град,нова средина далеку од дома мораш да бидеш јак за да се соочиш со проблемите што надоаѓаат :worried:
     
  15. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.369
    Допаѓања:
    1.780
    каде е сместена сестра ти ако може да ми кажеш? и јас сакам најпрво да видам во студентски ама повеќе ми рекоа дека бруцоши примале само во Пелагонија ..... не знам колку е точно и некој ако знае нека пише :)
     
  16. helenamanson

    helenamanson Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    значи од лично искуство ти кажувам дека во студентски дом немаш никаква приватност(поготово не во пелагонија или стив :^) ) јас си идев дома секој викенд оти во дом не можев ни да спијам ни да учам оти имав гости до сабајле во собата,многу пати и ме крадеа-значи не е посигурно и можам да кажам дека седењето во студентски дом 2 години не ми помогна којзнае колку да се ујачам туку само станав понервозна и ги загубив живците.за 2 години сменив многу домови,така да знам како е во сите,сениќ,пелагонија,стив,медицинар....сакам оваа година да седам во кузман ама штета што за жал,и во домовите е замешана политиката па ако не си од владејачката партија не добиваш место.....срамота,кај такви услови па и мораш да се молиш за место!!!
     
  17. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    633
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Женски
    Па за сместувањето во студенски домови многу е битно да бидеш спремен на тоа,да не очекуваш незнам што и да се помириш дека нема да биде како дома,треба да се навикнеш да живееш со многу луѓе и да се сконцентрираш за учење кога ти е сесија и додека се прават журки се трескаат врати,се дерат сите...не е неподносливо,човек на се може да се навикне,поготово кога немаш избор ако твоите немаат пари да ти платат стан тогаш биди срекен и со тоа...тоа е моето мислење иако последните три години сум била во стан сместена па и до година,ама многу пати сум била во студенски домови и отприлика знам каков е животот таму.Од друга страна пак во станевите ке се нервираш за газдите(секакви ги има),секогаш ке мислиш дека плаќаш премногу,проблеми со цимерки,абе се има лоши страни...
     
  18. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.276
    Допаѓања:
    14.799
    Пол:
    Женски
    Јас искрено не сум имала никаков проблем во врска со студентските домови. Како што кажа Мила, битно е да бидеш спремен на се и да не очекуваш премногу. Хигиената е катастрофална, ама човек на се се навикнува... така да по месец дена воопшто нема да ви пречи хаосот во бањите и вецињата. Машките згради во Стив сега ги средија, абе милина, сопствено ВЦ, па ти си се грижиш за хигиената, ако си чистиш ќе ти биде чисто... Ако имате врски за таму супер е. Друг недостаток е тоа што има секакви луѓе, па не знаеш каков човек ќе добиеш за цимер, 4 луѓе во соба, секој со своите навики, нормално е дека ќе се најде нешто да ти смета... Ама најбитно е тие работи да се решат уште на почеток, да не му се дозволи некому да ти се качува на глава и да не се биде глув и слеп за постапки кои те иритираат. Понатаму ако секој се држи до правилата, се живее добро...
    Предности... храната... се враќаш од факултет, изморен, не се мислиш што треба да готвиш туку правец во менза имаш 10 јадења на избор. Не се кој знае што ама не се ни лоши. Може само некои мамини мази да се плачат и жалат.
    Второ, сигурно во студентскиот ќе се најдете 5-6 колешки од факултет. Помагање во секое време, позајмување материјали, учење заедно... секогаш први ги дознавате новостите.
    Ако ти се учи, правец во читална, ако ти е за кафе пиење, во комшии, ако ти е за журка има на секој спрат :lol: , никогаш нема да се почувствуваш осамено и досадно.
    Па изборот е ваш
     
    На Denna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lavce

    lavce Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    33
    Извинете што ќе ви се умешам во разговорот но најверојатно била сместена во Стив. Дечко ми беше сместен таму и зимава немаа парно повеќе од недела. А за останатите услови во бараките во Стив се ужасни, хигиена на многу ниско ниво, собите се цели распаднати. За разлика од минатата година кога беше сместен во новата машка зграда таму имаа доста солидни услови. Собите беа средени со сопствено купатило. Беа по 3 во соба.
     
  20. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.369
    Допаѓања:
    1.780
    Јасно ми е дека се си има свои предности и недостатоци. Не ме ранеле со златна лажичка ниту пак ме разгалиле од дома за да се жалам што јадење ќе имам ..... сега за тие пари што ќе ги дадеш тоа и ќе си го добиеш ....... на условите за хигиена ај и на тоа би се привикнала секако (како можат другите така и јас, не сум ништо поразлично од нив) ........ е сега за цимерките не знаеш какви ќе ти се погодат ама не дозволувам некој на глава да ми се качи и да ми носи гости до сабајле тоа никако ....... еден компромис меѓу сите и би требало се да е ок .......
    Инаку исто е супер што нема да ти биде досадно (иако понекогаш ми треба мир), што ќе бидеш опкружен со луге кои истото го поминуваат како и ти, и пред се што ќе имаш колеги и колешки од факултетот што би ти помогнале при учење и се друго ........итн .....
    Иначе значи уште се мислам меѓу стан и студентски ама сигурно ќе пробам на студентски зашто другарката што правевме планови да бидеме цимерки веќе реши да земе стан ...... а мене тој ич не ми се допаѓа бидејќи е многу далеку од факултетот, треба по пола саат и повеќе да тепам по автобуси и критично е што во станот треба да живееме со баба од 65 год :tmi: затоа мислам оти е поарно да ми ја дујат главата личности на моја возраст отколку некоја баба .....
    Иначе Лолипоп23 и на другите фала за предностите и недостатоците, ама по мојата ситуација сметам дека поарно студентски неголи стан .... ај уште еднаш ако сакате само кажете ми мислење зашто 3 дена веќе си ја тупам главата со ова дали решив правилно ... :?: