Студентски домови

Дискусија во 'Образование' започната од Unfaithful18, 28 јуни 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.392
    Допаѓања:
    1.117
    Пол:
    Женски
    Девојки мене и WomanInLove не нема на конечен список !!! Леле ќе се убијам :@
     
  2. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    ^^ Леле! Ами сега,мила..? :(

    Јас сум примена во Сениќ,ама вака што слушам дека некои не биле примени,мака ми е ...Сега каде во 5 до 12 ќе барате стан,цимери,па цени,па ова,па она...

    ...

    :|
     
  3. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    345

    истото беше и со мене и сестра ми,на прелиминарен не имаше а сега на конечен не нема....таа е,ние се снајдовме во медикинар.таму ќе бидеме |-)
     
  4. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.392
    Допаѓања:
    1.117
    Пол:
    Женски
    Ами сега мора да се пикнеме некаде. Пари за стан секако нема :( :worried:
     
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.243
    Допаѓања:
    27.873
    ^^ Еден совет најдобронамерен. Додека да понесуваш приговор за домот, можеш да бараш по огласи соба. Има многу фамилии што издаваат соби на студенти, дали со газди или без, цените се до 50 евра, што не е малку, ама сепак е поефтино од цел стан..

    Секако доколку немаш некои роднини, пријатели кај кои можеш да останеш
     
  6. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.392
    Допаѓања:
    1.117
    Пол:
    Женски
    За несреќа не може да се поднесе приговор на конечна листа.
    Немам роднини и пријатели на кои би можела да се потпрам.
    Сепак фала за советот.
     
  7. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.569
    Допаѓања:
    3.299
    ^^ Анфејтфул, и едни мои другари не беа примени во Пелагонија, па сега ќе мора да бараат стан. Исто така не си само ти, ниту само они, има и многу други што се одбиени па сега ќе мора да се снаоѓаат како знаат и умеат. Тоа ти е. Побарај низ градот секако има уште некои кои не се одлучни со кој ќе бидат, па придобијте некој, или пак тука имаш тема за Барам цимерки, па таму види некоја ако ве заинтересира. Исто така има многу кои бараат по 1 цимерка или две ...... Имаш можности многу, не се разочарувај :)

    Инаку Мунлајт е примена во Стив конечно, и не знам кога ќе одам да се вселувам, дали понеделник да одам само за соба да си земам или од понеделник да се вселам .... ама до среда што ќе правам таму кога никој не познавам? И ме интересира дали во Стив се примени некои што се на економски - менаџмент, финансиски менаџмент или е-бизнис (оти овие се во 1 група на факултетот) за да има со кој да одам на факултет? :worried:
     
  8. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.392
    Допаѓања:
    1.117
    Пол:
    Женски
    Мунлајт, кога би можела да си дозволам стан, јас воопшто не би се секирала. Знам дека не сум единствената, и знам дека ќе можам да најдам стан.Проблемот е што моите дома не можат да ми овозможат да седам во стан, затоа што секој месец ќе требаат далеку повеќе пари отколку во студентски дом. А две студентки сме. :(
     
  9. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.569
    Допаѓања:
    3.299
    ^^Епа Анфејтфул извини, не знаев за ситуацијата. Мислев дека можеш и во стан. Ако не можеш, тогаш можеш да пробаш во тој ....... знам мајка ми ми зборуваше за средношколски дом, во кој ако го замолиш директорот, бил доста приступачен човек ќе можеш таму да седиш. Знам на мајка ми ќерката на една нејзина колешка сите 4 години таму си ги иседе. Не знам како точно се вика, ама таму можеш да пробаш, исто е како во студентски :) Ако сакаш да ја прашам мајка ми после, па ќе ти кажам во лп детали.
     
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Заверувањето на фотокопија зависи од бројот на страните. На пр. дипломата има 3 страни, заверка на секоја страна е по 25 денари, а наградата за нотарот е 100 денари. Значи дипломата ќе ве чини 175 денари. Свидетелство кое има една страна - 125, ако има две страни - 150 и така. Тоа е според законот за судски такси и секој нотар мора да се придржува кон него!
     
  11. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.243
    Допаѓања:
    27.873
    Дознав дека во ДРЖАВНИ студенски домови можат живеат и студенти на ПРИВАТЕН факултет. Како е ова можно само не ми е јасно.

    На некои што едвај нашле 200 евра за година, им се одбива легло за во студентски, а на некој што плака 2000 евра година му се дава легло. Срамота.
    Нека си отворат приватните факултети домови, па таму нека си сместуваат студенти, не место да им зимаат на студентите на државен!!
     
    На danniela5 и poison.ivy им се допаѓа ова.
  12. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    199
    Се е можно во нашава држава, а не само што се случува ова, туку и се даваат легла на работници, познајници, партиски луѓе кои воопшто и не се студенти. И тоа дури апсолвентски или брачни соби. Катастрофа! :@ :@
     
  13. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Мојата цимерка е на Фон, а живее во студентски. Меѓутоа таа е примена на Фон со стипендија и тоа целосна. Така да, за неа е оправдано :) Кога дознав дека е со стипендија, јас и реков „Ааа така ли, јас пак мислев дека си плаќаш и се чудев зошто седиш во студентски, кога можеш да платиш 2000 евра за школарина, ќе можеш да додадеш нешто плус за да седиш во стан, наместо во студентски :) “. А таа ми рече: „Абе какво плаќање, да не добиев стипендија немаше шанси да се запишам на Фон“.
    А за другите, кои плаќаат на приватен, а живеат во студетски, воопшто не ги оправдувам. Впрочем, повеќето од нив сакат да живеат во студентски дом само заради забава, а не од финансиски причини :^) А некој таму ќе живее во стан и ќе јаде ле и сол, бидејќи не добил место во студентски. Не знаете само какви се не малверзации прават. Во студентските домови ќе начекаш и вработени, како и ќерки и синови на професори, декани, продекани... Лично познавам девојче чиј татко е ректор на универзитетот „Климент Охридски“ во Битола, а таа учи во Скопје и живее во Пелагонија веќе неколку години по ред.
     
  14. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Дечки јас бев на стан, и поради оправдани причини морав да се иселам од таму. И сега баравме со сестра ми место во студенските домови, ама освен во Стив никаде нема , се е фулл... Утре треба да носам документи, и да платам, ама ме разубедуваат ептен било катастрофа. А немаме каде на друго место, од понеделник почнуваме ... Сега останаа уште 3 месеци, не е мн, за тоа вецињата какви се, собите, храната не ме интересира..Ама ако има некој таму , нека ми каже дали има шанси да се учи :( Ми кажаа немало читална, немало ништо ... Како ќе учам леле ;(
     
  15. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Ајде па не е толку страшно како што изгледа, има и убави работи во тоа да живееш во студентски, навистина и тоа треба да се проживее, па толку добри студенти има излезено од таму. И јас сум меѓу нив, ;) така да и јас и моите колеги со кои се дружевме таму ќе ти кажеме дека многу убави сеќавања имаме врзано за тој дом. И полесно е за многу работи, таму ќе најдеш многу колеги твоја генерација со кои ќе си помагате во учење, сигурно ќе има и постари кои секогаш ќе можеш да ги прашаш за искуство кај некои професори. Освен тоа нема да мораш да се замараш со готвење и миење садови, бидејќи барем јас кога бев јадењето во мензата и бифето беше супер. И покрај тоа што пред да почнам да живеам таму слушав се најлошо но таква сум за се во животот, не слушам други, треба сама да осетиш дали е нешто за тебе или не е. Е сега знам дека читалната ја реновираа не знам до каде е сега, но блиску ти се Шумарски и Земјоделски факултет, за 1 минута си таму, па можеш да ги користиш нив, јас одев таму со колешките кога сакавме повеќе мир бидејќи и читалната во Стив не беше некое најмирно место :). Се надевам дека добро ќе си поминеш таму и догодина сама ќе бараш место во студентски наместо стан.
     
    На Nevermore му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Имам спиено повеќе пати кај колешка во Стив. Собите се ок до негде, плус сами ќе си ги досредите како сакате. Храната е супер, вецињата се смрт...
    А за учењето, ако си со некоја што се познавате, ќе ти биде супер. Така ќе си се договорите кога е време за учење, а кога за собиранки. Клучот на врата и папа. :)
     
  17. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Јас знам луѓе што се на приватен, имаат пари, имаат станови и држат места во студентските домови. Чисто ради забава си имаат место таму, и таму преспиваат чат пат, а онака си имаат стан за живеење. Страшно! Државичкава ни е wild wild west. Стварно незнам како може некој од приватен факултет да биде сместен во државен дом.....а пак да биде и иронијата уште поголема оние од приватните факултети зимаат и државна стипендија. Како може така, незнам. Ние и плаќаме на државата, тие зимаат (ај барам да им требаат)
    Јас до сега немам влезено во студентски, незнам како функционира тоа, ама тоа е една од главните работи на кои државата треба да обрне внимание, основна потреба
     
  18. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.569
    Допаѓања:
    3.299

    Јас се иселив од Стив од 31 јануари. Сега сум под стан и супер ми е. Значи гледам дека си пишала одамна и веројатно си во Стив веќе, али да знаеш дека ако треба да учиш, во Стив тоа нема да го најдеш во никој случај! Значи ни под разно!
    Јас се иселив делумно ради цимерката, оти погадна особа од неа немав видено, гости ни идеа во 3 саат сабајле, стално имаше некој во соба. Нема да ти пречат вецињата или храната, па ќе поминеш и преку немањето ни трошка приватност, али учењето таму нема да го видиш. Освен ако ти се погодат цимерките ептен, али тоа е ретко и просто неверојатно. Значи спреми се да дремеш секој ден во читалната на земјоделски. Тоа имам да ти го кажам. Сепак, со среќа :)
     
  19. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    А да не знае некоја каков е домот во Штип?Имам намера таму да се запишам,па би сакал да знам какви се во него условите.Еден е или има повеќе?
     
  20. bunny.misuaxx

    bunny.misuaxx Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    5
    Па вака имам едно прашање оваа година сум Матуранка и планирам да се запишам на Медицина.
    Сега кој дом е така поблиску до Медицинскиот факутлет освен Медицинар?
    Колку е на пример Стив одале4ен? :worried:
    Медицинар навистина е толку лошо?
    И уште едно дали може да аплицираш во два студентски домови истовремено :rofl: за во слу4ај да не те примат во еден?