да да и јас така знам. имам напишано во електронското 3 члена и кај шо пиши архивски број ( пополнува службеникот) ми пиша 4 члена..
Некој да не ја има пријавата за студентски некако да ми ја прати за да ја испечатам,зашто електронски се најавив и не си ја зачував,а си го заборавив корисничкото име..којзнае што сум пишувала..
Во електронската пријава, за месечни нето примања ја пишавте просечната плата или јунската плата на родителите/браќа и сестри ?
И јас сум бруцош и ми дадоја потврда од правен со печат. И мене ми рекоја дека од 15ти септември ќе ги даваат потврдите, но за во домови издавале и подруги потврди, со име презиме и просек.
Дечки значи во просечен успех оди и дипломата така значи јас треба да пресметам успех од сите четири години и на крај да ги додадам успех од диплома?
Не аплицирав, ама искрено ви се чудам аплицирате, системот ви дава документи да симнете, ги симнувате, ама појма немате и не читате кое за што е. УППИ образец е овој: ( screenshot e сликата) - Треба да го потполните, па да го однесете во студентски и да ви стават печат и архивски број и готово. Спојлер: УППИ образец Молба не ви треба за потврда за редовен студент, ќе појдете на факултет на студентски прашања ќе прашате колку треба ако треба да се плати и чао пријатно.
Јас бев сместена лани во Битола во студентскиот, а и оваа година ако ме примат. Има само еден државен студентски дом во Битола, ама јас сум многу задоволна од истиот. За разлика од некои студентски во Скопје ова е премија. Значи има 4 блока, од кои блок А е само женски, Ц е само машки, а Б и Д се комбинирани на првиот спрат машки на вториот женски. Јас седев во Б блок во 5 креветна соба, која има плус и мало ходниче во кое се сместени шкафовите. Значи како за 5 цимерки, доста е пространо и собите се доста големи. Секако има и соби со помали кревети, но тие се плаќаат повеќе но со разлика од 300-400 денари. Јас и оваа година планирам да седам во истата соба, 5 креветна, не заради парите туку дека се навикнав и плус имаш каде да се преслечиш ако пример имаш гости во соба и сл. Исто така има менза, во која 2 пати се дава јадење од 12 до 3 ручек, и од 6 до 8 вечера. Јадењето е убаво, секој ден е различно и имаш по 2-3 јадења минимум за да комбинираш. Има исто така и бонска продавница, со основни работи што ви требаат сок, шеќер,кафе, води, чипсови и такви работи. Имаш ВЦ-а и туш кабини на секој спрат кои се заеднички, меѓутоа се одржува хигиена, секое сабајле поминува чистачка и ги чисти. Има машини за перење на секој спрат кое јас го сметам за најкорисна работа, затоа што пример не мора да влечкаш дома алишта на перење, ниту пак постелнини. Исто така има и правосмукалка за секој блок која треба да си ја побараш од чистачката кога сакаш да ја користиш. Имаш и 2 читални во склоп со студентскиот како и ТВ клуб ама тој обично се користи за правење родендени и забави или кога се гледа некој спорт. Според мене се наоѓа на многу убава местоположба дека е тргнат настрана од гужвата и метежот, а сепак не е оддалечен од центар ниту од факултетите. Значи за 15 мин. стугнуваш секаде пешки. Во Битола има и приватен студентски дом Доместика кој е релативно нов и со многу подобри услови, ама се плаќа околу 7000 денари месечно. Тој ти се наоѓа веднаш до Технички факултет.
Од факултет се зема, од студентски прашања, нема потреба од никаква молба,ке им кажеш зошто ти треба и толку.