Дечки прашувам во име на другар. Денеска планирал да ја испринтa електронската пријава, но не знаел дека системот ќе биде затворен и дека нема да му даде да ја отвори. Дали ќе му прават голем проблем на уписите? Бројчето од пријавата му е зачувано.
има резултати дали можи да се префрлам некако од Стив првата зграда во новите бараки ? дали постои таква можност ?
Без нив не може, јас кога носев строго прегледуваа според молбата дали ги имаш сите, личните податоци не ти требаат испечатени, а како да ги испечатиш податоците од апликацијата сега не знам
Истиот проблем и јас го имам, ај ве молам ако знае некоја како можеме да ги добиеме пријавите да каже
Дали може некој од бруцошите што има сега вадено документи да прикачи слика како изгледа декларацијата за прием на плата што ја имаат извадено, чисто да споредам дека мене ми правеа проблеми со тој документ, па тоа е, па не е тоа, поради која мислам дека не сум примена. Ќе поднесам за втор круг сега, па да не го зезнам случајно пак.
Еве и јас го имам проблемов што не ја испечатив пријавата :/ Сите податоци и од апликацијата и личните ги копирав комплет во документ, ако им го испечатам тој океј ќе биде? Ме буни бидејќи во молбата под реден број 3 вика печатена електронска пријава, а веднаш до него се бара и архивски број на документот?? Вие што ја испечативте ви дава архивски број?
Најубаво јави се на телефон и кажи го проблемот, најверојатно ќе може да се направи нешто зашто ве има повеќе
Не треба да пишеш архивски број, испечати го документот што го имаш зачувано. Јас личните податоци не ги печатев само податоците од апликацијата и не ми правеа проблеми т.е примена сум