Uste nemame zapisano semestar za da izvadime potvrda za redoven student ili toa moze odkako ke se vselime da ja doneseme
Дечки за сместување во Пелагонија кои документи се потребни? Како што гледав на страната има изјави, молби, жиранти..за тука не треба ли слики потврда за редовен студент.. За уплатниците ништо нема, зарњм не треба..а и документите на страната што им се ставени да си ги испечатиме?
Уплатници за културно забавен живот и некои такви, кога треба да ги уплатиме ние бруцошите? Откако ќе не примат во студентски дом? Бидејќи сега имаме за носење само една уплатница т.е административна такса. Друго нема ништо.
Не знам дали ќе можи да ја однесеме откако ќе се вселиме, но лани ми се чини дека враќаа без потврда за редовен студент. @AngelaAngela1996 уплатнициве треба да ги имаш кога ќе се вселуваш.
Да прашам,освен државјанство,извод,диплома,свидетелства и оние изјави што треба да ги пополниме(од родител,изјава за семејна положба,податоци),молба и образец УППИ,што друго треба да се однесе? Не ми отвара на страната и не можам да видам што друго треба да се земе.
Лани во кузман се вселувавме без потврди, бидејќи им треба од зимскиот што ќе го запишеме а не од летен
Потврда за редовен студент или за тековен семестар, исто е. Вселувањето најверојатно започнува утре. Гледам на интернет сеуште немаат објавено рокови за вселување, не се сеќавам дали и минатава година имаше. Читав на форумот на кајгана и таму пишува дека од утре започнува вселувањето. Што се однесува за документите, не знам, јас минатава година седев во Стив и само ова го бараа.
За во пелагонија на страната има додатни документи како молби, изјави, жиранти.. Е сега прашањето ми е ова сликите, извод и индекс копија дали треба плус?
Еве овде пишува што документи ви се потребни, до кој датум и каде да се однесат. За студенти од II година примнати што се ќе биде објавено на 29.08.2015 година, а за студентите од I година на 12.08.2015 година. Прочитајте си тука се: http://www.mon.gov.mk/index.php/konkursi/687-konkurs-smestuvanje
Ахам. А дали може да им однесе потврда и копија од индекс кога ќе почнеме со фах зошто уште не се почнати роковите за упис. На пример ако сакам утре да се вселам таму или на 2ри а од 3ти имам уписи на фах ќе прават проблем? Лани за потврда ми дадоа да ја донесам покасно
Треба и државјанство, извод и свидетелства? Каде пишува бидејќи јас видов само диплома за завршено средно? :/
15. Министерството за образование и наука по службен пат, согласно потпишани договори за соработка, ќе ги обезбеди следните документи: - уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители – старатели на кандидатот поединечно и за самиот кандидат; - потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок невработените членови на потесното семејство од Агенцијата за вработување на Република Македонија; -извод на родени за брат/сестра под 6 годишна возраст, како и извод на умрените за починат родител од Управата за водење на матични книги; - уверение за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи. Јас мислам дека тие по службен пат си ги обезбедуваат , така пишува овде во конкурсот што го објавија на страната :/
Имам некои другарчиња од советот и така знам за вслувањето..... А за документи од дома што треба да се носат се само тие другите докумети ви ги даваат дирекно од студенскиот дом. Извод 3 Сликчиња Копија од индекс со запишан семестар
извод,свидетелства треба? на страната каде што се пријавуваме не пишува копија од индекс и свидетелства,само дипломата..индексот остана во факултетот и свидетелствата,ќе ги бараат?
Во Министерство се доставуваат. Тоа го пополнува студентот ама за бруцоши не треба. Вселувањето е најдоцна 10 дена после објавувањето на резултатите. Испечатена електронска пријава, идентификационен број, потврда за плата од јуни за вработени членови, потврда за брат/сестра ако е ученик или студент, потврда за запишан семестар, а тоа УППИ и уверение за предвидени и положени предмети за бруцоши не треба. Диплома и свидетелства не се наведени во потребни документи.