1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Студентски домови

Дискусија во 'Образование' започната од Unfaithful18, 28 јуни 2010.

  1. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Ако седиш во Кузман или во Пелагонија ќе ти биде блиску, мислам ќе можеш пеш да одиш до факултетот околу 15-20 мин. отприлика. Во Кузман тешко дека ќе добиеш место уште во прва, за во Пелагонија можеш да пробаш. Ако си во Стив имаш директна линија со автобус. 50 ка ти застанува пред Стив и те води до Државна болница. Медицинар? Паа не е за фалење, а не знам колку лошо ти кажале дека е. Во една барака од по 10 тина соби со по 3- 4 кревети имаш 1- 2 туша заеднички во самата барака. Тоа може да ти е проблем ама така е и во Стив и во Кузман, во зградата имаш за еден спрат заедничка бања. Инаку не е страшно ќе се навикнеш каде и да си само ако сакаш.
     
  2. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110

    И како е се смести? Баш ме интересира какво искуство имаш до сега ?
     
  3. bunny.misuaxx

    bunny.misuaxx Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    5
    А дали е точно дека во Стив се влегува само партиски? Или тоа нема врска.. искуства?
     
  4. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Нема врска, уште па и Стив ,некој ако влегува со некакви врски ќе си бара место во Кузман на пример не во Стив.
     
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Да прашам јас нешто... како иде ова иселувањето од студентските? се плаќа нешто при иселување?
     
  6. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    3.314
    ^^
    300 или 400 ден за оштета |( , бар јас кога се иселив јануари така беше.
     
  7. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Јас живеев 3 години во студентскиот дом Кочо Рацин во Битола,задоволна сум од сместувањето и услугата,сега собата малку ми беше тесна а во неа седевме 3 девојчиња,но си поминав еден прекрасен и незаборавен период таму.Воопшто е беше скапо,се исплаќа,има убава храна,читална,годинава ја изградија спортската сала одма до домот...А освен тоа,има многу зеленило за одмор на душата и белите дробови :lol:
    За жал.од септември нема да седам таму...Многу ќе ми недостасува....
     
  8. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.604
    Пол:
    Женски
    Сум живеела и во стан и во студентски домови и едно ќе кажам СТУДЕНТСКИОТ ДОМ Е ВТОР ФАКУЛТЕТ. Ако на факултет научив повеќе за струката во студентскиот дом научив како да се справам со секакви карактери на луѓе, запознав пријатели од цела македонија, научив да чистам, за забавите веќе и да не правиме муабет. Бев во стан со другарки една година правевме забави и се беше убаво ама не е тоа тоа не е тоа студентски живот. А да добиеш легално место во студентски ти е исто ко да си положил тежок предмет. Има Господ да го видиш со пријави, расправања во Сојузот итн

    Е сега за условите. Само што се вселив во Гоце дојдоа моите и кога видеа какво е ме иселија за рок од три дена. Значи Гоце (А и Б зграда) , медицинар ни под разно да не одите. Во Гоце во Г секој има веце во собата па ајде некако се премижува. Слушнав дека ќе го реновираат.Не знам што запнале сите за во Кузман изгледа оти е во центар ама и таму е катастрофа. Како што е средено во новите машки згради во Стив така не ни се купатилата на пола од нас дома средени. Ама многу деца не чуваат, кршат. Во женската зграда чистачките чистат колку можат ама такви се девојчињата гнасни па лом прават. Пелагонија не е лошо.

    За храната= Сите се жалат ама кој и да дојде се здебелува овде. Тука сум испила Пригат сокови и сум изела кроасани за цел мој живот. Мензите се секаде за никаде ама во бифе и бонска продавнице можеш да си најдеш јадење. Лошо е што има многу идиоти што крадат од студентите и храната ја продаваат на страна а на нас боневите ни стојат
     
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Мене мајка ми имаше желба веднаш да ме исели, ама не и дозволив јас и можам да ти кжам дека грешиш за условите. Не знам на кој спрат си била. Признавам дека до 6ти е катастрофа бидејќи едното WC од едната страна не работи и не ги чистат, па сите идат во другите што не се чисти воопшто, но од 6ти нагоре е сосема различна ситуација, бидејќи има соби само на едната страна. Гоце и Медицинар не можеш ни даа ги споредуваш. Јас годинава пак ќе седам во Гоце и пак ќе барам соба над 6ти.
     
  10. mona-li

    mona-li Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    9
    Тоа е државниот студентси, така? Јас оваа година ќе се запишам во Бт на факултет, ве молам кажете ми кои студентски домови ги има таму, има ли приватни домови, колку чини смештај? Фаалааа :*
     
  11. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.604
    Пол:
    Женски
    А бе не е само вецето. Каде ги ставаш теписоните од 1980 што не се сменети. Се убивав од чистење. Лани бев малку на 10 а годинава на 3 ми дадоја место ама моите ме преселија .Леле лани чистачката од 10 па до 14 беше најголемата мрзла на светот 3000 петиции потпишавме сега истата е во Стив и пак исто прави. А плус за Гоце да не почнам да зборам. Без греалка зимно време не можеш да замислиш да седиш. Точно е дека од 6 нагоре е далеку почисто ама пак нема топла вода мораш да одиш долу на трети.
     
  12. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    23.248
    Пол:
    Женски
    имам другарки со мене шо учат..значи средно се..и се фалат многу од студентскиот дом..во соба се 3-4 души и значи сите се со сите 5..ако сакаш да учиш сегде ќе учиш. :) ..имаш и читална ..во која можеш да учиш..само од јадењето се жалат..не го бендисвале ич ама не можи да биди се совршено.. :)
     
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Да, до лани било така, ни на 7ми немало топла вода. Ама јас годинава бев на 12 и цело време имавме топла вода. дури еднаш доле пишување пумпата за топла вода е расипана, а ние пак имавме топла вода. А за теписоните да, ми идеа на нерви и премногу прашина се креваше од нив. Од друга страна собите во В и Г се уништени од влагата и мирисаат целите на влага, ама јас се мислам годинава да барам соба во Г, подобро плочки и WC во соба, отколку тој теписон. Сепак јас си поминав преубаво. актот што сме само 2 студентки во соба и што ми е блиску до факултетот ме натера да фаќам врски за место во Гоце, иакко имав добиено место во Пелагониjа. И воопшто не жалам.
     
  14. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.604
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со ова што го кажа за тоа дека полесно е кога си со една цимерка. А и пробај да земеш собав во Г барем од теписонот ке се отарасиш. Гоце ми се допаѓа за учење. Во таа читалната сите учат никој не галами. Има читални каде што ти учиш друг карти игра ама во Гоце стварно има ред.
     
  15. cuciTo

    cuciTo Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    13
    кој студентси дом е најблиску до економски факултет?

    и сакам да прашам какви се тие соби апсолвенски со 1 кревет
    ај некој ако знае што, како се аплицира, нека пише плис :wasntme:
     
  16. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.604
    Пол:
    Женски
    До економски најблиску ти е Стив на 15-20 минути одење. За апсолвентска соба можеш да аплицираш ако си апсолвент или да добиеш ако имаш дебели врски. Во Стив апсолвентска соба не би ти препорачала . На 5ти спрат без лифт а тесно е ептен.
     
  17. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    3.314
    И јас мислев вака, али се уверив дека не држи вода ;) , така да, заборави на реченицава кога ќе дојдеш за на факултет.


    Најблиску ти е Стив, 15-20 минути. Такви апсолвентски соби, има на 5 кат само, без дебели врски немаш шанса да ја добиеш. Аплицирање, крај на август.
     
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Не можете да ми кажете дека во стан повеќе ќе учите отколку во студентски. Сметај дека во стан треба да мислиш што да зготвиш за јадење секој ден, во студентски не ни имаш некои посебни услови за готвење. А после тоа еден куп садови за миење. Во студентски цела соба и сите садови можеш да ги средиш целосно за саат време. После си спремна за учење. А да исчистиш цел стан сигурно ти требаат неколку часа. Не можете да ми кажете во стан имате повеќе време за учење.
     
  19. cuciTo

    cuciTo Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    13
    ако немаш време ќе оставиш чистење некој ден ;)
    сепак таму ќе бидеме за факултетот

    ако сакаш ќе си најдеш време со добра организација :P
    да не се лажеме не е до местото, туку финтата е што некогаш не фака мрза
    па не ни се учи :rofl:
     
  20. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    3.314
    Епа моето искуство го кажува спротивното. Си живеела во Стив, кај што нема читална, воедно, никакви услови за учење?
    Ако не, тогаш нормално, не размислуваш како мене. Би готвела 3 пати секој ден, би чистела, само да можам да учам кога сакам, да спијам кога сакам, и да имам мир кога ќе ми затреба ;)
    Е, тоа е разликата, значи мојата разлика, не мора да значи дека ти, или некој друг треба да ја чувствува :)
     
    На enna90 му/ѝ се допаѓа ова.