Вака јас конкретно имав грешка во пресметувањето на успехот,па по мое мислам дека во електронската пријава треба само да го пишиме точно тоа што сме го згрешиле... Најверојатно е тоа според мене,ако сум грешка нека ме поправи некој.. Или нека кажат поискусниве... И дали одново требат да се најавиме на системов?
И јас имав грешка во просекот и примањата, и јас мислам како тебе, па новата апликација да ја испечатиме?
Денес моја другарка се смести во Стив и ми кажа дека биле по 4 во соба и било многу гнасно и катастрофа..
Дечки пошо јас немам аплицирано за во студентски и ќе одам на вторите уписи, а и немам баш некои врски што би ми помогнале да ме примат полесно....знаете ли каде полесно примаат .. во кој студентски дом? Стив, Пелагонија...?? Инаку филолошки сум јас
За студентите кои се запишуваат во прва година се внесува просечен успех од дипломата за завршено средно образование. Како се пресметува овој просечен успех, не го пишува на дипломата?
Читам коментари гнасни биле собите, нехигиенски и слично. Верувајте, ако ви се погодат цимерките, се ќе си средите. Ако не ви се допаѓа собата, ќе натерате некое машко ќе ви помогне да ја средите, да ја променете бојата на ѕидовите и слично. Не дозволувајте разни коментари од страна да влијаат на вас. Да живееш во студентски е еден голем плус, бидејќи ќе запознаеш луге од различни места, култури, ќе запознаеш луге што ти се колеги и кои многу ќе ви бидат од помош. Ќе си формираш друштво, што веројатно ќе го паметиш засекогаш и најважно, никогаш нема да си сам. Така да, без разлика на се, посебно на бруцошките, ви посакувам да си го искористите максимално времето кое што ќе го поминувате сега, бидејќи многу брзо ќе помине! И забавувајте се, одете на журки, излегувајте, шетајте! Не секогаш ќе имате толку слободно време да шетате, не секогаш ќе имате свој буџет, свои пари да правете што сакате
Јас на друго место прочитав да се пресмета успехот од сите 4 години од сведителствата и успехот од матура-од дипломата да се соберат и да се поделат со 2, некој да знае што веќе конкурирал?
(ФОТО) Се сруши дел од покрив во студентскиот дом „Гоце Делчев“ http://kajgana.com/foto-se-srushi-del-od-pokriv-vo-studentskiot-dom-goce-delchev
А тоа УППИ ќе треба ли да го пополнуваме тие што сме 1ва година. Дргарка ми не го дала тој документ, а примена е ?
И јас сум седела во иста зграда и да вистина е дека не е чисто, старо и се тоа, али се си се средува, ако имаш добри цимерки ќе се договорите и за чистота и за ред. Почетокот е секогаш тежок, дури се навикнеш на условите