На страната на мон има список со примени за они што аплицирале во втор круг можеби на некој ќе му притреба http://www.mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/vesti-i-nastani/762-lista-na-kandidati
Како резултати од втор круг, кога електронското пријавување трае од 15-25 септември, немој да ми кажеш дека тоа е трет круг ?
Не не ама за тие што поднеле на 15 и на 16 има список на примени пишуваше на страната на мон дека конринуирано ќе излагаат списоци, за некој ден би требало пак да има список
Значи до 25ти ќе излезат уште списоци? Бидејќи јас планирам во Понеделник или Вторник да ги однесам документите во мон??
Дечки имам проблем првиот уписен рок не ме примија несакам да направам повторно грешка каде што се месечни нето примања треба да пишам сума колку сни земале социјална парична помош? Социјалното гласи на татко ми ,а во другите полиња што да пишам? А и еднаш аплицирав но имам грешни податоци,сега оваа е втора аплилација во вториот рок
Доколку примате само социјална помош тогаш во другите полиња ќе пишеш 0 а доколку имате и др примања ќе ги пишеш тие
Дечки итно ми е сега ова! Кај членови на потесно семејство додека се пријавувам електронски дали да напишам 4(заедно со мене) или 3(мајка, татко и брат). Другарка која што ја примиле веќе на студентски, на молбата исто треба да се напише бројка на членови и нејзе и поправиле од 3 на 4 бидејќи требало и за неа да се брое. А не и текнува која бројка ја внесела на електронската пријава дали 3 или 4. јас на молбата внесов 4 броејки се самата а на електронската пријава да напишам исто 4 или 3 бидејќи пишува "Број на членови во потесно семејство на кандидатот (родители-старатели, брат, сестра)"
Јас напишав 3, без мене, баш дека во заградата пишува родители, брат, сестра, мислам дека не се броиме ние, но којзнае...
Во делот горе каде што ти го пишува името, откако ќе се најавиш на порталот или ако не го најдеш тоа, пишува од страна проверка на податоци ќе кликнеш на промени податоци од апликација, ќе ти излезе пријавата и ќе ја копираш.
@doiwannaknow пред да испратиш селектирај се и копирај го во word па после тоа испрати. Или па можеш со snipping tool да ја направиш како слика A за тоа членови во семејството и јас имав пишано 3 без мене, ама да ти кажам кој прашав пишувале вбројувајќи се и себе