Да, признавам. Тешко е да се снајдеш за учење и во Стив и во Пелагонија, иако Пелагонија има читална. Малку лошо се изразив. Сакав да кажам дека имав другарки што тврдеа дека не можат да преживеат во студетски па се преселија во стан, па на крај ни таму не им беше погодено. Не дека се беше толку лошо околу нив, туку тие едноставно сакаа да бидат во центарот на вниманието и се да биде по нивно. И после им беше крив студентскиот. И нормално наоколу зборуваа дека им е перфект во станот, а мене ми кажуваа дека воопшто и не иделе таму туку спиеле кај дечко или кај колешки.
Само да прашам...дали имам шанси како бруцош да добијам сместување во некој од подобрите студентски домови во ск...или само медицинар бараките ми преостануваат
Може некоја да ми каже какви се апсолвентските соби во Кузман? Има посебно купатило во секоја соба?Фалааа
Со врски можеш било каде да добиеш место. А инаку... во Стив е релативно лесно да се сместиш, во Пелагонија можеби, ако имаш добри оцени (тие бараат помирни). Не е само Медицинар.
Nesto off topic - Koi naselbi se najblisku do medicinskiot fakultet Skopje? Se izvinuvam za fontot momentalno nemam makedonska podrska..
Излезен е конкурсот за сместување во студентските домови. Сакам да аплицирам во студентскиот дом Хилјадников во Штип. Има некои работи кои не ми се јасни во пријавата, на пример,вкупен број на предвидени испити во студиската програма на која сте запишани? Ова треба да го пишам бројот на испити од сите 4 години? Или само за следните 2? Сега ќе бидам 3та година инаку.
Девојки,ај јас нешто да ве прашам,се надевам ќе ми одговори некоја. Би сакала да знам колку е Гоце студентскиот оддалечен од ФЕИТ ( Електро факултетот ),дали има автобуски линии,како што.. Таму какви се условите за седење,има читална нема...
^за оддалеченост не знам колку е, ама имам другарка шо седи у Гоце а е на ФЕИТ, таму мислам дека има читална и речиси сигурна сум дека ке седам и јас таму се на се мислам дека е ОК
Автобуси има многу, 24ка тргнува од пред Гоце, а ако излезеш на Партизанска секој автобус оди до ФЕИТ, 4ка, 22ка, 2ка, 12ка... многу се... а не е далеку, некои 20-25 минути пешки, јас многу редко одев со автобус сакав да се релаксирам малку, доброми доаѓаше 40-50 минути пешачење секој ден ако ти е за учење, тогаш Гоце е вистинското место. Условите не се којзнае какви, ама сте по 2 во соба, јас само 2 пати бев во читална, си учев во соба, а во читалната сите се дојдени да учат, па е тивко и можеш слободно да учиш.
Пак јас тука. Читав на конкурсот за студентските и вели за студентите од втора и од постарите години да донесат покрај другите документи и потврда за редовен студент. Прашањето ми е кај ќе ја најдам јас таа потврда кога студентски ми отвараат од 5 август,а конкурсот е до 9..?
Сега поднесуваш само електронска пријава, па после ако те има на списоците ги поднесуваш документите.
кај се подобри условите медицинар или гоце??? ја мислев дека доволно сум информирана, ама едни велат вака, други онака
Знаеш душо кога ќе бидеш доволно информирана? Кога ќе одиш на лице место да ги видеш! А верувај дека медицинар не сакаш да го видиш! Јас таму сум била само еднаш и не се повратив повеќе. Мислам дека тоа е дното на студентаријата и на работата од македончето. А инаку за Гоце,изврти ги првите страни од темава,има дискутирано што како..