Многу досадувам со ова ама ми е страв да не згрешам во нешто. Дали треба оригинален извод или копија. Не пишува дека треба извод ама ми имат кажано дека бараат. Имам другарки коишто имат носено и оригинален и копија и двете се примени, сепак ми е страв.. јас планирам да носам копија утре бидејќи оригиналот ми е во факултетот
Eпа бидејки имам повеќе од 20 000 за Стив, Гоце, Кузман, и околе 24 000 за Пелагонија, може да се договориме кој ќе посака
Ме примија Може некој да ми каже какиви документи треба за вселување? Слушам дека треба да се плаќа и уплатница, ако може да ми прати слика некој од уплатницата да знам како да ја пополнам?
Дечки утре ќе се селам во стив трета зграда јас ама заборавив да извадам сликички. Бидејќи јас сум од Радовиш со кола ќе тргам од 7ипол и нема да можам да најдам отворено толку рано за да извадам сликички три. Дали може да се сместам без слики па да однесам покасно ве молам некој да ми каже итно ми е. А и доколку некој знае во Скопје од кај може да извадам добро ќе е
Од Стив до Континентал имаш пат 3 минути пешки. Застанете пред женска зграда и погледни нагоре ќе го видиш Континнтал хотелот, во подвожњакот имаш 5 копирници.
Девојки, јас моментално сум во Стив во третата зграда, собата ми е убава и цимерките ми се добри (три цимерки сме вкупно), но не сакам да седам таму од причина што имам претходно лошо искуство од тоа место... Ако некоја сака да се префрли нека ми пише порака, или ако знае дека некаде има слободни соби би замолила да ме извести.
Да не знаете некој случајно што седи во Кузман, а сака да се префрли во Гоце, блок А? Тие од блок А за кратко ќе бидат префрлени во новиот дел (машко)?