Драги феминки, јас не наидов на темата за средношколски домови низ Скопје, па иако е офф топик ќе прашам тука дали некој знае дали воопшто постои средношколски дом во населбата Кисела вода и кој е истиот, и при тоа да напоменам дека не прашувам за студентски туку за средношколски домови ?!?
Во молбата за аплицирање за во студентски дом има Опис на документи, до секое име на документот пишува Архивски број, во првото се внесува бројот на електронската пријава, а во другите што треба да се пише?
Дали некој знае колку се цените во студентските домови во Штип, најмногу ме интерисира за Брака Миладиновци??
Запишан сум по прв пат како студент-апсолвент сега ке бидам прва година прв пат, ова треба да го штиклирам Да или Не ? исто така просекот од дипломата од средно, дали треба просек од оценките од свидетелствата, или тие од матурата или вкупен просек?
* Запишан сум како редовен студент на факултет кој има помалку од осум семестри и не сум повторувал студиска година ДАНЕ * Запишан сум како редовен студент на факултет кој има осум семестри и не сум повторувал , односно не сум повторувал повеќе од една студиска година ДАНЕ * Редовен студент запишан на факултети кои имаат над осум семестри и не сум повторувал, односно не сум повторувал повеќе од две студиски години ДАНЕ Како треба да се штиклираат овие за прва година ?
Зависи колку семестри ти има факултетот, некои имаат 6 некои 8. Ако си со 6 првото треба да го штиклираш Да а другите Не, ако си со 8 второто Да а другите Не.
@borjan4eto го заокружив не, а кај полето за просек пресметав просек само од дипломата (впрочем така беше нагласено со црвени букви).Се мислев дали да ставам вкупен просек, ама кога читав страници на назад некои кога ставале вкупен просек не ги примале.. @Son*Mez зависи колку семестри ти трае факултетот.Мојот трае осум, па тоа го заокружив.
Фалаа . За просекот од дипломата, нели се сметаат сите оценки од матурата и потоа се делат со 5. Е сега перцентилниот ранг како се смета,или не се зема во предвид тој ?
Може некој да ми каже каде да ги внесам годишните приходи, бидејќи месечни примања немаме. Или пак на местото на месечните примања да ги внесам ?