Имам и веќе сум одлучена за стан, но со повеќето студенти што имам разговарано ми викаат дека студентскиот е незаменлив и дека е многу подобро.......
Студентски единствено ако ти се погодат цимерите, па да си поминеш убаво. Инаку, замисли ако не се согласуваш со некој од нив, како ќе ти минуваат деновите, кога сред година ќе треба да се селиш на друго место или пак да трпиш некој кој не ти се допаѓа. Не е лошо ни во стан, баш напротив. Пак ќе си најдеш и друштво и нови луѓе ќе запознаеш, и ќе има излегувања и спомени и сето тоа, не те спречува станот, а како плус ти е дека кога ќе си дојдеш дома ќе бидеш на раат, сама, никој нема да ти додева, или пак ако си со цимерки, ќе бидеш со свои луѓе што веќе ги познаваш и знаеш однапред дека се согласувате, ти си готвиш, си купуваш што си сакаш да јадеш, за хигиената ти си си одговорна, и уште многу други работи што во студентски.. малку потешко дека ќе ти бидат овозможени. Незнам, според мене стан е дефинитивно подобро од студентски.
Што мислите кој студентски е најдобар за престојување ако студирам на фармацевтски?.. Јас размислував за Гоце или Кузман, ама имам понуда од другарка за во Стив и сега не знам што да правам. :/
А во Пелагонија некој да каже какви се условите ? Студентски, дефинитивно. Ќе искусиш и со снаоѓање и со живеење со разни карактери, може едната цимерка нема да ти се погоди, другата ќе ти се погоди секако. Или пак ако не се сложуваш доволно со нив, имаш безброј комшии, бтв нема да се гледате, нон стоп се оди некаде на гости, или они или ти, факултет, обврски, а и можиш да се договориш со другарка да бидете заедно, па ќе ви стават уште една, исто како и во стан, доколку не си со другарка, исто така и во стан може да не се согласуваш...многу повеќе дружба значи имаш повеќе со кој ќе се дружиш, измешани сте машки женски, ќе стекнеш еден куп пријателства од различни градови,не мора да ти бидат цимерки, може и со комшиките, може и со тие од соседната зграда, искуство за многу работи во животот, стекнуваш карактер што е најбитно и сл.
Па и Гоце е далеку речиси колку Стив. Ако од Стив до ФФ е 6км од Гоце до ФФ е можда 5. Ако имаш понуда да седиш во оние новите во Гоце шо ги даваа на ТВ пред година две, земај, ќе се снајдеш со автобуси и онака е бесплатно. Али само ако знаеш 100% дека ќе седиш во реновираното
Не. Само 2 блока се реновирани и само тие работата, во другите 2 што се стари не вселуват. Во тек е реновирањето.
Носењето документи во министерство за сместување во студентските домови е со датум кој што ти ќе си го избереш, арно ама јас од невнимание избрав датум кој што не ми одговара(односни избрав во првите), а морам да ги носам покасно поради средување на докуметацијата од факултет. Дали на пример би ме примиле на 24 а имам закажано на 15 или ќе ми прават проблеми? Згора на тоа им пишав два меила и не ми одговараат на ниеден.
Колку е сигурно дека ќе ме примаат во гоце ако сум втора година, а прва не сум седела таму, дали за секој случај да си разгледувам и други опции? И какви се условите моментално во гоце ако може некој да ми каже. Инаку студирам на феит.
Дали може некој што престојувал во Стив да кажи какви се условите,храната и хигиената? По колку цимерки се во соба? Благодарам однапред...