Аплицирав во Гоце, втор избор Кузман а сум примена во Стив, иако како што забележав во Гоце има останато добри 32 места пошто има примано 88 од 120. Има кај некој ваков проблем? Стив ми е предалеку од факултет ако сака некој замена за у Гоце пишете ми.
Здраво, јас ги разгледувам факултетите во Скопје и на таа страна http://www.fakulteti.mk/studenti/stddom/stdpel.aspx исто така ги разгледувам и интернатите, па сакам да ве прашам нешто околу тоа, бидејќи не пишува, дали се плаќаат? Јас сум од Охрид и овде каде што е интернатот не се плаќа па затоа, за овој Пелагонија,се плаќа или не? Чисто онака за да се информирам, инаку јас сум втора година па се интересирам со време за да знам што да одлучам.
Тебе ти треба студентски дом или средношколски интернат? Сите студентски домови се плаќаат. За интернатите не знам, но тие се за средношколци.
Епа тогаш барај информација за студентските домови. Кузман, Гоце, Стив, Пелагонија. Не знам дали пропуштив некој.
Сите студентски домови се плаќаат: Пелагонија, Кузман, Гоце, Стив. А интератите: медицинар, Партенија, Гуц,Сенич и во Кисела Вода еден има не знам како се вика, тие се за средношколци и не се плаќаат. Во Сенич мислам дека можат и студенти да седат ама се плаќа како за студенти.
ТИ АКО СИ СРЕДНО ТИ ТРЕБА ИНТЕРНАТ, информирај се малку. Ако ти треба било што во интррнативе слободно пишии
Јас сум втора година и прашувам за студентски интернати, ако знаеш да ми кажеш од прилика колку се плаќа, годишно или месечно, на пример во тој што го гледав Пелагонија, доста голем е како што гледав на слики?
Ама нема тоа студентски интернати тоа се сосем два различни збора. Студентски дом за студенти и ученички дом(интернат) за средношколци. Имаш повеќе студентски. Како Гоце Делчев, Стив, Пелагонија, Кузман. Зависи од повеќр фактори. А за плаќање е месечно околу 4000
да на тоа мислев јас студентски дом, и да те прашам кој е најблиску до факултетот Св. Кирил и методиј, а ако има некој да е не е многу далеку од факултетот а и да е во близина на центар? Не го познавам јас Скопје многу затоа и прашувам, ако има да е во близина на двете места.
Девојче, полека, целата си збунета. Како прво, премногу рано ти е да се замараш со ова во втора средно. Потоа, Св. Кирил и Методиј е колективното име на универзитот, а не на еден факултет. Факултетите се во склоп на тој универзитет, но не се наоѓаат сите на иста локација, значи ќе бараш дом што е најблиску до факултетот на кој ќе се запишуваш. Пак ќе ти повторам, не брзај толку, премногу ти е рано, прво разграничи ги поимите што е што, па ќе имаш години дур да решиш на кој факултет ќе се запишеш, па дури после сето тоа ќе бараш дом.
Да, ама само сакам да знам сѐ во врска со тоа со време за да одлучам, ме интересираат некои работи колку толку убаво е да се знае. Планирам да се запишам на факултет за дизајн на облека, главно што сакам да знам е во која населба се наоѓа и кој студентски дом се наоѓа во близина, а и што треба на матура да се полага за на тој факултет
Да, рано е ама ќе дојде каде и да е само онака за да знам кој факултет за што е каков е па да се одлучам полесно За факултетот за дизајн би сакала да знам што треба да се полага за тоа.