Дечки, јас ги потполнив двете што беа за апликација и сега имам 2 броја за ИД. Дали и на некој друг му се случило истото ?
Онај дел со УППИ се вади од факултет? И со она Уверение за испити,кој треба да го пополни,пошто долу пишува продекан за настава?
УППИ го имаш во самиот конкурс, во делот потребни документи. Ти го пополнуваш а ти го заверува Деканатот на факултет (делот кадешто пишува архивски број и продекан за настава). А уверение за испити се вади од факултет, се плаќа на секој факултет различно и се чека 3-4 дена да се изработи.
Дали некој аплицираше денес или вчера? Јас се регистрирав и сега нели трба да пратат линк на маил за да се најавам.... а не ми стигнува ништо
Што мислите за студентски дом “Кочо Рацин” Битола ? Има некој таму да каже искуство, какви се собите, храната, студентските услови???
15790.00 A во полето за нето вкупни примања по различни основи дали треба да се пишува плата на брат/сестра или не?
Дали за електронското пријавување за во студентски има ограничување во текот на денот кога можеш да се пријавиш бидејќи навечер воопшто не сака