Дали може да ми прават проблем бидејќи пишав за брат ми дека е невработен а немам однесено документ бидејќи не е пријавен во заводот?
Тешко дека ќе објават денес или утре. Не работи МОН. Тек в понеделник ако објават. Инаку, можно ли е да имаат објавено на огласни по домовиве? Блиску ми е Пелагонија, можам да тркнам да сликам, ако има.
Ама имаат обврска и на нет да објават. Толку се безобразни! А од денес тече време за вселување..и за приговори. Има ли секој прилика да дојде во Ск и да чита список?!
@referentka можно е и по домовите да нема списоци. Јас само прашав, случајно да не има, пошто стои во конкурсот дека и на огласна и на веб ќе објават најкасно до 31 август. Ќе излезам покасно, ќе поминам од кај Пелагонија, баш да видам.
Јас кога чекав резултати, за викенд ги објавуваа. Кој работеше таму за викенд за да ги објави не знам. Како и обично, секогаш доцнат со објавување.