Крајно се безобразни значи, како човек од друг град да дојде да се всели за неколку часа кога не знае ни дали е примен негде цц
Дечки на УКИМ поместен ви е само семестарот од октомври или и августовска сесија е поместена во септември? Пошто може намерно да доцнат со оглед дека семестарот покасно почнува, а за Штип ги објавија поединечно пошто ваљда кај нив си почнуваат од 15ти септември? Ова така ми текна, пошто години и години уназад заедно во едно соопштение и за Скопје и за Штип ги објавувале. Едит: Не ја отвара МОН, стигаат изгледа резултатите.
Уште ништо нема.. Срамота еј Бев до студентскиот дом, и тие не знаат ништо. Ми велат и ние чекаме како вас, застој имало вп Министерство. Каков црн застој, една работа имаат да ја сработат во годината и тоа не знаат.
Многу некоректно од нивна страна. Барем навреме да објавуваат резултати, па ако некој не е примен (а логично дека ќе има такви) да си бара друго сместување на време. Застој имало, бргу им текна да ги провлекуваат тие со врски. Ова refresh на странава од мон ме потсети на времето кога јас чекав резултати. Сега исто чекам, само за сестра ми.
Јас изгубив надеж дека денес ќе има... 1 е веќе саатот. Уште саат време и си оди администрацијата од работа. И ние што сме дојдени ќе останеме со прстот в уста.
Многу безобразно, ова е тотално изживљавање...ама и ништо чудно сите институции и служби се понашаат како сакаат со нас студентите како да сме последна категорија на луѓе
Луѓе, најлошо нешто што може да ви се случи е да си имате работа со државна институција. Почнувајќи од јавното здравство, до министерства, општини, јавни претпријатија и институции. Не работам на државно, но често работата ми налагала контакт. Со чест на исклучоците што ги знам и се крајно фини луѓе, другово е клетотија. 80% од јавната администрација е канцерот на македонскиот менталитет. Знам како е да чекаш три часа за еден печат. Ме враќале пошто фактура кога се носи требало од папката да биде малку подизвадена, му било полесно печат да удрат. И не се викало "печат", туку "штембљ" со меко љ. Сум дочекала и на правоговор да ме учат душички измачени од работа. Воопшто не ме чуди што од неписменост не знаат неколку табели со имиња на студенти да склопат.
Значи навистина не е фер. Станав сабајлево во 5 ипол за да го фатам единствениот автобус од кај нас за Скопје да одам. И дали утре ќе треба пак да станам и да одам на слепо така.. Уште нема резултати, и кој знае и дали утре ќе има. А мора да одам бидејќи преку врски се веќе пола соби доделени, па и ако има вселувања утре и не идам, кој знае во какво дувло ќе ме стават. Значи преку се ми е веќе од државниве институции! Вработени една куп неспособни што незнаат ни да се потпишат, ама бидејќи се ќерка/син/внука на некој ќе си се пикнат. Ова никаде го нема...