Студентски домови

Дискусија во 'Образование' започната од Unfaithful18, 28 јуни 2010.

  1. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    јас сум мала сеуште но бев во еден студенски дом во Србија,во Суботица навистина беше прекрасно...имаше многу средени работи,вецињата беа баш чисти и добро средени,секогаш имаше топла вода а замислете имаше и аквариум со риби....навистина и дворот беше многу добро среден,таму навистина се почитуваат градбите а во Македонија се уште не сум бил и не знам како е.
     
  2. zara

    zara Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    28
    Да не помислуваат затоа што освен ако немаат дебели врски во Кузман не се добива место, посебно бруцош. Да не помислуваат затоа што јас ќе бидам 5та година и не знам дали ќе добијам место легално не некој што тек ќе запише факултет. Да не помислуваат затоа што тие бруцоши што добиле место највероватно се од Кичево или Крива Паланка (од таму се главните на домовите) или ако се од некои други места се некои роднини по македонијава или евентуално дебело си го платиле местото. Да не помислуваат затоа што кога нема да добијат место нема да знаат каде им е главата во септември кога ќе нема место во другите домови и сите станови ќе бидат или зафатени или со цени од кои што на просечниот македонски ум му се качува притисокот, нивото на шеќер и холестерол во крвта и на крај му пука жолчката! А немаат право да се љутат поради тоа што 30% од бруџошите нема да пролжат 2 ра година на факултетот на кој што се запишале и немаат право да земаат места на некој кој вистински заслужил и стигнал барем до трета/четврта години ( зборам за факултетите со 4 години)
    Цитирам --- Баш дека прва година, незнаењето на градот, бруцошите полесно би се снашле во Кузман бидејќи е в Центар.
    И јас бев прва година, и јас не го знаев градот и се снајдов, се ќе се научи со време. А тоа што јас стигнав 5 та години не мислиш дека ми дава поголемо право да не си ги мачам нозеве до факултет ? Остарев веќе, мора да се штедам! Да се разбереме, не дека не ми е јасно кој се седи по Кузманот, дека седат и бруцоши и дипломирани и вработени - јасно ми е како бел ден, верувајте! Тоа е резултат на политики и роднини и сваштари. Таква ни е државта. Сепак сума суммарум, бруцоши што немате дебели врски мислам дека немате ни опција да изберете да се пријавите во Кузман....и пак ќе кажам немате право да се љутите .....
     
  3. Sunlight

    Sunlight Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    39
    Но кој се љути овде? Значи бруцоши сме и не знаеме како одат работите па што има лошо во тоа да прашаме што е како е, да знаеме какви ни се шансите, условите и се со ред..
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.604
    Пол:
    Женски
    А бе девојки на самата апликација нема да ви излезе Кузман ако сте прва година(до лани беше така) еве јас сега ке бидам 4 година и имам врски добри да влезам во Кузман блиско ми е и до факс ама нејкам да се замарам да чекам по врати 5 саата. Не сакам да ве плашам ама аплицирањето и добивањето место во кој било студентски дом е макотрпна работа. А Кузман ако имаш врски и со прва година ке влезиш арно ама ке се изначекаш на врати зошто и тие што се врските знаат да се прават на три и пол кога е најголемата гужва. Плус не знам колку е практично за некој што е прва година да седи во Кузман кога таму сите се апсолвенти а најголемиот дел се лугетоод сојузот кои се дружат еден со друг. Башка Кузман освен што е во центар никакви други услови нема. Што кога се по двајца во соба кога собите се за никаде. Му дишиш на цимерот во врат, толку е тесно шо за мисла да смениш треба надвор да излезиш :(
     
  5. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Јас годинава сум бруцош и сум многу збунета.Имам неколку прашања и се надевам дека некоја ќе ми одговори.
    1.копиите од сведетелствата(наместо потврдата за редовен ученик) дали треба да се заверат кај нотар?
    2.зошто во категоријата за годината на која се запишувам нема прва?
    3.што,доколку не сум примена на факултет,а во домот сум?
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    1. Треба, и копиите од свидетелствата и копијата од дипломата за положена матура.
    2. конкурсот за бруцоши се уште не е излезен.
    3. нема да се вселиш и решен проблем.
     
    На LifeLove му/ѝ се допаѓа ова.
  7. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    3.316

    Пишува дека треба, али и само копија мислам дека беше доволно лани.
    И да, ти требаат копии од личните карти на жирантите.
     
  8. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    4.349
    Пол:
    Женски
    Годинава и јас сум бруцош :D мислам дека ке се сместам во дом поточно со стив..ако има некоја слична како мене нека ми пише...навистина ми е глупо да бидам сама... ајде ве чекаам позз
     
    На PortmaN му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.604
    Пол:
    Женски
    Miss ме потсети на мене кога јас бев бруцошка леле најмногу се замарав шо цимерки ке ти се паднат. Немој да се плашиш искуството од студентските домови во последните години покажува дека баш бруцошките се најразгалени, мисли дома на мајка и се гали, не е како порано бруцошка си па ке кутиш. И затоа ако те стават со поголеми девојчиња поарно, ти кај ке бидеш во транс и самата првата недела па да ти се погоди некоја плачка за дома цимерка психички ке се изреметиш. Какви и да ти се цимерките да знаеш можеш да се преместиш во друга соба. Не сега за ситници да се селиш ама ако имаш сериозен проблем оди кај управничката Мара она прво се развикува ама после завршува работа добра е.
     
  10. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Хелп ! Братучеда ми сака да престојува во студенскиот дом во Битола. Може да ми кажете дали е средено во собите, колку чини месечно, јадењата дали се убави или :puke:. Сакам да ми помогнете, би престојувале таму или не кога повторно би имале можност да одбирате ( тие што сте запишани, секако). Многу е загрижено девојчето, барем малку да и помогнам , да не се грижи многу или да си бара друг излез! ФАЛА ВИ
     
  11. Angelceto

    Angelceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    236
    И брат ми сака да престојува во овој студентски дом така да добродојдени ми се и мене овие информации. На кој факултет (смер) планира да се запишува братучетка ти?
     
  12. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Жиранти? :^) Кава пак сега улога имаат тие?Може ли некој да ми објасни?
     
  13. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    3.316

    Како кога подигаш кредит, и ти требаат жиранти, за во случај ти ако не си ја платиш ратата, од нив да бараат. Е така и тука. Чиста формалност е само, оти никој не ти бара точно на време да платиш секој месец, не вршат контрола мн (бар во Стив), така да ова е само глупост и додатно замарање. Ти требаат двајца, што ќе потпишат согласност на пријавата, било кои може да се, и баба ти, и дедо ти, ако се пензионери и кога ќе ги носиш сите документи, ти треба и копија од личната карта на жирантите, заедно со таа потпишаната согласност од нивна страна.
     
  14. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    А од каде се зема таа изјава оти на страницата за аплицирање ја нема да се превземе :?:
     
  15. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    3.316
    Па лани беше во тие документите што беа поставени на страната. Од таму само се симнуваа и се пополнуваа. Мора да има, ако нема, стварно не знам.
     
  16. L-a-d-y-Bug

    L-a-d-y-Bug Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    61
    Документите кои се потребни за студентските домови ги објавуваат на страната кога ќе излезе прелиминарниот список, рано е уште
     
  17. hristin4e

    hristin4e Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.309
    Пол:
    Женски
    Хеј женски ај ако знај некоја нека кажи какви се условите во студентскиот дом во Охрид...какви се правилата и се така натаму ;)
     
  18. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Електротехнички , отсек Графичко инжинерство :)
     
  19. lovelost

    lovelost Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    15
    И јас сум бруцош годинава и требаше да бидам со цимерки во стан, но на крајот испадна тие да останат во нашиот град да студираат, а јас да одам во Скопје....и сега сум сама и незнаммм дали да аплицирам во некој студентски дом, може некој советтт.
    До кога може да се аплицира???
     
  20. PortmaN

    PortmaN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    6
    Слушнав дека во Стив женската зграда била реновирана дали е вистина или е само озборување и по колку кревети има во соба.. :)