Рокот за вселување тече од моментот кога ќе има официјални резултати, не се секирај дека ќе го скратат.
Не е дека ќе го скратат. Туку денес изгубив ден и 1000 ден за Ск да дојдам - за џабе. Утре пак треба исто. Бидејќи може да истакнат резултати и ќе почне вселувањето. Лани отидов на вториот ден, не сакаш да знаеш каква соба ми дадоа...
Не е проблем дури и да ги дадат резултати на 20 септември ама претходно во конкурсот да напишат дека ќе бидат ставени на 20 (само пример) него проблемот е тоа што во конкурсот стои дека ке бидат објавени на 31,а еве веке 4ти сме а нема ништо...просто едноставно дупење у здрав мозок
Јас велам од кога стапив на факс сфатив во каква држава живеам. Големо разочарување, од кај да почнам незнам... едни резултати не ги ставаат, не дека не ги бидува туку баш им е гајле. Морам да ви кажам дека јас 5 пати од мојот роден град одев до факс за еден докунент и на крај се испостави дека шалтерушата се збунила, но јас си дадов фини 4000-5000 по карти и храна за ск. Ќе издржам, ќе дипломирам и никад више не се враќам овде.
Веројатно просекот кој си го напишал во апликацијата не се совпаѓа со просекот на уверението, или кој и да беше документот што се земаше од факултет (сум заборавила малку, ова по сеќавање го пишувам, поминаа години од моето трчање по студентски ).
Јас сакам да прашам која е постапката за поднесување приговор поради неослободен од плаќање? Лани со исти примања во ист дом бев ослободен, годинава не.
Дали може да се поднесе приговор, ако аплицираш во Гоце, а си примен во Стив ? Или приговорот е само за оние кои не се воопшто примени ??
Лани рекоа дека можело и откако ќе почнеме на факс да однесеме потврда, веројатно имаат предвид дека никој уште не е запишан. Кои документи се потребни за вселување за оваа година освен потврдите и слично? Лани се сеќавам дека на грешка уплатив за нешто, дали беше за документите или за општа штета, не знам. Кога отидов ми рекоа дека требало да се дадат парите на рака. Ако некој веќе се вселил нека сподели што сѐ е потребно.
Најверојатно за парите за докиментите што треба да ти ги дадат од таму за да ги потполниш. Мислам дека тое 250 денари се дават на рака. Инаку, исто и јас не сум ослободена од плаќање а лани бев. Ама и лани ми правеа проблем, го платив септември и во октомври ме ослободија (со истиот документ што го однесов во мон) и во мај ми ги вратија парите.
Ти ги вратија парите?! Мене не, изгледа ги почастив со тие пари што ги платив поради нивна грешка. Однесов документ кога беа аплицирањата, не бев ослободена, отидов во Кузман да прашам што е цела работа, ме правеа будала, наводно не сум донесла документ. Им однесов повторно и од октомври не плаќав, а ни пари назад ми вратија ни ништо. Годинава еве пак не сум на тој список и не знам што да правам, најверојатно како лани пак ќе треба да носам документ.
Да, уште одма кога ме ослободија ми рекоа да оставам копија од лична карта и трансакциска сметка. Си почекав од октомври до мај, ама ги вратија битно.