Приговор дали може ако си примен во алтернативниот што се избираше на молбата ?? И која е постапката ? Некој да има информација како оди тоа ?
Мислам дека не може, ти сама си имаш избрано доколку не те примат во првиот да бидеш во вториот. Шознам.
А нели поднесовте изјава со која доколку не бидете примени во домот за кој сте аплицирале, прифаќате да бидете примени во друг дом? Контрадикторно на ова е да се поднесува приговор затоа што сте примени во ваш алтернативен избор.
Прашање беше тоа од моја страна. Вие сакале поднесете, сакале не поднесувајте. Едит: Не сум знаела дека мора.
За приговор во МОН ќе ви кажат како треба. Еднаш и јас требаше да поднесам приговор па таму ме упатија кај некој што го среди тоа.
За вселување ке важи од 4ти десет дена или како што им е напишано од 31 без разлика што покасно ги објавија резултатите?
1.Кој студентски дом е најблиску до правен факултет и ако може да напишете мислење во однос на тоа какви се условите во домот: по колку души се во соба, колку се плаќа? 2.Документите се доставуваат во студентскиот дом,така? 3. И уште ова не ми е јасно како пишува дека резултати ке има на 1 октомври, а ние со факс почнуваме на 1, зарем тие неколку дена додека да се вселиме ке треба сами да си најдеме престојувалиште?
Каде што пишува просечен успех од каде да го најдеме точно или според поените. Дали се пишуваат само од свидителствата од 1 до 4 или и од матурата?