Потврда за редовен студент, од Студентски Прашања се зема, треба да уплатиш 100 денари за неа. Изгледа таму веќе е пополнето. Се сеќавам јас кога аплицирав по втор пат, ги немаше сите домови.
На електронската пријава во делот просечен успех што треба да напишам бидејќи не ми го прифаќа успехот од средно?
Пиши ја бројката што ти ја прифаќа и кога ќе ги носеш документите напиши изјава дека не ти го прифаќа твојот успех. Мене лани истото ми се случи.
Уверение и образец УППИ треба ли ние од прва година што сме да носиме за на студентски затоа што не знам како да ги потполнам мислам дека тие се само за 2 година и нагоре
Здраво сакам да прашам што документи ми требаат за пелагонија,Јас сега сум Бруцош и што се ми ее потребно да спремам во документација
Да не има некој што сака да се смени од Гоце во Кузман (знам дека тешко се наоѓа таков,ама сепак ако некој сака од x причини), нека ми пише.
Бруцошите дали треба да носиме еден од уппи документите да ни го потпише декан, и што се подразбира под заверка на уппи образец и тој треба до факултет да се носи за печат? Пс. Бидејки пријавувањето е до 14 септември, за во министерство закажуваме термин до 14 или после 14 септември?
Дечки, ке може ли некој што сигурно знае како се пресметува просекот да каже бидејки еден куп мислење прочитав секој различно кажува?
Успех од средно и успехот од матура вклучувајќи ја и проектната се собираат и се делат со два. Пс. Не ги заборавајте и оценките од екстерно.
Оценките од средно ги собираш од сите 4 години и ги делиш со вкупниот број на оценки. Од матура ги собираш сите оценки од трите екстерни, интерниот и проектната и ги делиш со 5. Вака добиените броеви од оценките од матура и од сите 4години ги собираш и ги делиш со 2
↑ Јас на друго место прочитав да се пресмета успехот од сите 4 години од сведителствата и успехот од матура-од дипломата да се соберат и да се поделат со 2, некој да знае што веќе конкурирал? Аnna-Banana Јас така конкурирав и ме одбија првиот пат. Барајки низ постарите мислења го најдов ова што значи дека не е така