Прашав дете што бил бруцош лани, конкурирал исто како што ви кажав и примен е во Гоце. И јас најдов мислење по старо каде што членка напишала дека ја вратиле само со поени од матура. Индивидуално е, ако решиле дека нема да ве примаат просекот е најмал проблем.
Здраво, планирам да сум сместена во Стив ако ме примет секако сакам да знам кој делови се за женски и ако има некоја шо е сместена или планира да се смести таму дали можи поконкретно да ми објаснит како стојат работите
Дали до четврток 13 сеуште ќе трае вселувањето ? И ако знае некој какви се условите во Кузман,и по колку се во соба, да ми објасни ? Фала однапред
Кузман ти е моментално најкрш од сите, единствен плус е што има добра локација. Инаку собите се тесни, простор има само за разминување меѓу креветите. По двајца се во соба. Во собата има два кревета, две масички, шкаф и чешма. Вецињата и бањите се едно за цел спрат. Јадењето е океј (ова океј не е како дома, туку може да се јадат).
Изгледа бетер е како што кажуваат,а и слики што ми пратија . Мене ми беше алтернатива пишан и сега таму сум,ама сеуште немам соба земено, изгледа стан е решението или замена во друг некој, Кузман нема шанси.
Кузман после Гоце е најдобра опција. Кога не беше Гоце реновиран, тепачката беше кој да седи Кузман. Ова кажувам за пред некои пет-шест години. Сега не знам како е. Две се во соба, но тесни се собите. Локацијата е предност пошто е в центар. Собите што се од напред имаат сите тераса. Јадењето не е којзнае што, но подобро е од Гоце и Стив. Мене факултетот ми беше блиску, па ако имав дупки меѓу предавања и вежби, одев со боновите Кузман да јадам, иако седев во Гоце. Инаку додека не видиш не можеш да знаеш. Порано имаше случаи примени во Гоце, бараа да се сменат во Кузман, пошто таму аплицирале, а ги примиле во Гоце по основ алтернативен. Сега откако го реновираа Гоце се е обратно.
Дали има дојава кога ќе излезат резултатите од приговор? Неможам да чекам, треба да сум Скопје имам испити
@Platysma на страната пишува дека приговори има неколку дена од тоа кога дознаваш дека не си примена, јас така знам. А дали некој знае кога е последниот рок за пријавување во студентски, јас го испуштив рокот и сум 3година, дали пријавувањето е после 14ти или на крај на месецот? Дека на страната е многу нејасно.