@Animali Државичкава јадна ни е у курац така што и ова малку е ... верувај Ништо не е сменето сто години, нема ни да се смени. Јас да сум во студенски дом , за освестување , би им приредил спектакуларна сцена, така што ќе биде хит WW , вака на микро ниво , ова е веќе видено , само некој стаил слика плус за дискусија минус.
Има некој што седи во Гоце? Какви се условите и дали се е реновирано или има некој што седи и во старите блокови бидејќи знам дека реновирани се блоковите А, Б и Ц?!
Не ја знам точно целата процедура, појди кај управникот на домот ќе ти објасни се. Знам дека може да се иселува, тоа е најбитно!!!!
Дали можам сега да се одселам од студентски без да платам за април и онака април не сум во студентски без да ми направат проблеми за плааќањето и отпишувањето?
Не може. Ќе си прашаш де, пак зависи дали ќе ти се смилуваат. Ама не би требало да може. А и не знам дали смееш и во мај да се иселиш, порано не даваа последните 2 месеци. Најарно да идеш и да си прашаш.
Ќе мора да платиш и за последниов месец, без разлика дали си го поминала таму или не, се водиш како станар. Толку знам, за другото кај управникот најдобро ќе се информираш.
Ima ovde nekoj sto prestojuva vo Stip,vo studentskite domovi vo Stip,I kolku od prilika se dvizat cenite?
Сакам да прашам дали некој знае дали преку лето ќе може да се седи некаде во студентските во Скопје? И која би била цената И ако некој има седено така преку лето да кажи некоја информација дали требаат некои документи што како
Отидов до Гоце да прашам и управникот ми кажа дека летово требало да го реновираат Кузман па ќе примаат студенти во Гоце, а за детали не знаел ништо и ми рече да отидам крај на јуни да прашам.
Здраво, завршив 4та година, но ми останаа уште неколку испити и сакам повторно да аплицирам за во студентски дом. Прашањето ми е кои се шансите да ме примат, бидејќи сум на приватен и не презапишуваме години и семестри, а во потврдата би пишувало дека имам запишано 8 семестар.
Здраво , ме интерсира дали на молбата за ст.дом треба да се плати адм.такса пошто знам дека за пријави ја укинаа. Благодарам