Девојки доколку има заинтересирани за издавање на соба за студентки во Скопје по поволна цена, пишете ми во порака да ви пратам инфо
https://nezavisen.mk/studentite-kje-pochekaat-za-smestuvanje-vo-studentskite-domovi/amp/ Пред неколку дена е завршено аплицирањето. Сега сме во процес на селекција, кој зависи од информациите кои треба ние да ги имаме од други институции, како УЈП, Агенција за вработување итн. Кога ќе се разгледаат сите информации ќе се направи таа селекција и ќе бидат објавени податоците, кои студенти во кои студентски домови ќе бидат сместени, рече денеска министерот за образование Арбер Адеми, кој присуствуваше на официјалното отворање на ООУ „Киро Глигоров“ во Капиштец. Според изјавава од министеров уште две недели ќе нема.
ужас, катастрофа... и лани каснеа ама ова е врв.. значи дефинитивно ништо не им е организирано катастрофа е цел систем, прво имавме проблеми да се најавиме на конкурси за аплицирање и електронска пријава па сега уште ќе си чекаме и ние од подалечните градови ќе си патуваме од 4 сабајле кога полагаме во 8.
Многу лошо. Несериозни се. Испитна сесија е веќе почната а тие уште немаат објавено резултати. Ќе почне и аплицирањето за бруцоши, а студентите од повисоките години не се ни вселени. Срамота!!! Уште еден доказ дека ништо не функционира во државата како што треба!!!
Дали документите за студентски треба да се потполнат со пенкало или на комп. и директно да се испечатат така?
Dali i ovie dokumenti treba jas da gi imam za da apliciram 14. Министерството за образование и наука по службен пат, согласно потпишани договори за соработка, ќе ги обезбеди следните документи: - уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки,добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители- старатели на кандидатот поединечно и за самиот кандидат; - потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок невработените членови на потесното семејство од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија; - извод на родени за брат/сестра под 6 годишна возраст, како и извод на умрените за починат родител од Управата за водење на матични книги; - уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.
Не овие си ги обезбедува МОН. Патем, ќе има резултати денес или... Секој ден, денес. Мислам дека на крај ќе објават во вторник, нели поврзан викенд па не работи никој. Не е фер спрема студентите. Ужас
Ова со резултатите веќе излезе од контрола.Добро си играат со нас или.. Цела недела каснат..Секој ден им ѕвонам не се јавуваат. Некој предлог да не има што да правиме?