Дали копиите од сведителствата што се потребни за во студентски дом треба да бидат заверени кај нотар? Поточно прашувам за во студентскиот дом во Bитола.
Нема посебни соби за женски, ама ако имаш врски може да добиеш. Јас имам седено во новата машка, ама јаки врски ти требаат, инаку нема шанси.
А бе има ли некој абер од прелиминарната листа јас разбрав сега околу 11 часот ќе била објавена ама нема уште
Во конкурсот пишува "5. Новозапишаните студенти од I-ва година, наместо потврда за редовност (точка 4), да достават копии од свидетелства за завршена I, II, III и IV средно образование." значи според тоа не мора да се заверени кај нотар...И јас сум бруцош и не сум многу запознаена со ова,но по логика не би требало...доколку треба тоа ќе било написано и на страната за конкурсот. Е сега нешто имам нејасно под точка 7. Потврди за остварените приходи на вработените членови на семејството за месец јуни 2011 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата; за пензионираните членови на семејството испратница од пензија; за невработените членови на семејството да се достави потврда од Заводот за вработување дека се невработени или примаат – не примаат паричен надоместок (во потврдата да биде наведен износот на паричниот надоместок, доколку го примаат); за починат родител да се достави препис од извод на умрените (или испратница од пензија); за разведени родители да се достави доказ за разводот, додека за учениците и студентите (сестри, браќа) потврди од училиштето, односно факултетот; За месец јуни???...А последна земена плата е за месец јули..пошто сме август.Мајками зеде од кај нејзе за месец јули...треба ли сега и за месец јуни...стварно не ми е јасно. И задолжително ли е да се земе потврда од училиштето на сестра/брат (доколку таа/тој е малолетна/ен)???
Нема разлика во собите, не се поделени на машки и на женски, само треба да си избереш цимерки и да те сместат. Ама сега гледав на преелиминарните многу женски се примани во машките згради, а веќе и не постои поделба на конкурсот, пишува Стив-прва и втора зграда и Стив-трета зграда, па можеби годинава и со лесно ќе можеш да влезеш таму.
ima preliminaren spisok i me ima jeeeeeeee http://www.smestuvanje.mon.gov.mk/documents/Stiv.pdf A јас извадив само за јули за таа плата ама извадете си и за јуни за секој случај, оти за бруцошите се прават само маана да најдат
Девојки,прашање. Забележав дека сте ги виделе преелиминарните списоци,честитам на сите и мене ме има. Е сега,пред да резултатите,имаше напишано дека документите ќе се носат во домовите за нас постарите години,а само за бруцошите во кузман. А сега пишува дека и ние ќе ги носиме во кузман. Нешто не ми е јасно..
И за нас постарите е во Кзман а и јас слушнав прво оти дирек во домовите. Јас ке одам во Кузман ќе поднесам документи а ако има некои измени таму ке дознаеме.
Според многумина моментално Стив е најдобриот студентски дом во Македонија...колку што разбрав има нова зграда каде што условите за живот се на високо ниво
А во стив какви се собите, имаат ли тераси, внатре што има?? Кој бил во Стив може да даде некоја информација??
Може некој да ме извести повеќе што се однесува до прелиминарните списоци? знам дека веќе се поминати а јас сум бруцош и сум заинтересирана за во Гоце Делчев ,ама немав поим оти ќе има прво прелиминарен избор и сега сум го пропуштила молам за помош
Јас колку што знам, рано е за пријавување на бруцошите. Од 22.08.2011 до 28.08.2011 се врши пријавувањето.
Девојки хеелп.. Ако има некоја феминка што ке оди во Штип на факултет нека ми пише...Јас ке одам таму(здравје) па ме интересира кој студетски дом е најблиску до медицинскиот факултет таму,дали има некои бруцошки кои ќе одат на медицински во Штип или пак на било кој факултет на универзитетот во Штип....очекувам да ми пишете...позззз