Порано имаше забави во студентските домови. Дали сега има сеуште забави во дискотеките и дали се добри како порано?
Зависи шо врски имаш да влезиш во студентски дом... добивање место во дом, бирање соба сето тоа оди преку врски... нема тука права и прописи... Од кога се реновира гоце се беше со врки поготово за апсолвентски соби ... со список се одредени кој за во која соба е... ако си од ств загрозено финанскиски семејство и ако добиеш место немој да си со преголеми очекувања ... пошто може да имаш поддадено за готе или кузман па да добиеш во стив и после да чекаш месец дена да си најдиш место ако имаш среќа и да даваш пак пари за документи за да се префрлиш во др студентски... Жална но вистинита е ситуацијата за студентските во ск
Јас сум во дом, и колку што знам, ако си квадрат, не можеш да престојуваш во дом, освен ако се презапишеш на друг факултет и фактички нема да си квадрат.
Имаш право да седиш со квадрат, со тоа шо смееш да седиш толку години колку што ти трае факултетот. Да речеме ако си на медицина и факултетот е 6 години, пишеш квадрат во трета, без проблем ќе те примат кога ќе презапишеш трета, ама кога ќе си 5та година на факс, ќе ти биде 6та година во студентски, т.е. последна година кога регуларно ќе може да те примаат. За понатаму зависи од врските.
Здраво сакам да прашам сега за конкурсот во Гоце дали може да аплицираат студенти на кои што веќе им е започната 1 година ?
И на пример ако конкурирам и ме примат сега ли ќе треба да се сместувам или од наредната учебна година?
Студентските домови нема да работат овие 14 дена заради корона вирусот. Слушав прес на министерот за здравство
како дозна? јас пробувам да се јавам на фиксен што е пишан бројот, меѓутоа никој не крева. Јас имам оставено некои книги и морам да ги земам. Мислев дека работи секој ден барем по неколку саати сепак
Така рече министерот нели, дека се затворени..Инаку и мене ми останаа книги таму.. само една имам земено, среќа ни ги пратија во пдф повеќето.
Јас си земав повеќето ствари кога беше дозволено, управителот беше лут многу, као демек што ви е на вас што земате ствари, ќе се вратите 100% во Мај . За официјално иселување ништо не се знаело, им немале кажано ништо "од горе".