Да, баш пред малку ми прочита мајка ми, домовите ќе се дезинфицирале и ќе биле подготвени за повторно отварање. Се чека од МЗ што ќе одлучат.
За март ќе ни била дозволена рефундација. За април и мај нема да плаќаме, туку за јуни и јули мислам (ако се отворат домовите секако).
Јас мислам дека е редно да се отворат, еве ние од понеделник веќе вежби имаме, мораме да бидеме во Скопје.
Им пишав порака на УСС, ова е одговорот: Секојдневно притискаме за нивно отварање, денес испративме и писмо до комисијата за заразни болести. Кога ќе има одговор ќе ве известиме.
Колку е добра таа одлука за отварање на студентските домови? Мене искрено бројката на нови случаи во Скопје ме загрижува. Ни објавија распоред за практична настава дека започнуваме од 1ви јуни. Тоа е ПОНЕДЕЛНИК. Немам зборови.
И ние имаме практична настава од нареднава недела, затоа и прашував. Ако не ги отворат нема каде да престојуваме, а мораме да одиме на вежби. А не секој може да си дозволи да плаќа стан/апартман. Сепак дел од студентите се загрозена група и престојуваат без партиципација во домовите, или пак ги плаќаат истите со стипендии. Ако не се отворат домовите, нема каде да престојуваат, а мора да бидат на факултет.
На кој факултет студираш, ако не е тајна? Значи не знам со кој памет е донесена оваа одлука, во понеделник таму да бидеме, со маски. Го решиле они проблемот, заштитени сме таму. А до таму??? Сигурно ова претставува проблем и за тие од Скопје, а да не зборувам за нас, од другите градови.
Стоматолошки. Каде може да реагираме? Јас мислам дека ние сме единствени со 52 нови случаи да одиме на практична настава.