Дечки сакам да аплицирам за прв пат годинава во студентски дом, па ме интересира дали некој знае во потребната документација дали како што треба за родител потврда за прием на плата, треба и за брат ми да барам некоја потврда бидејќи тој е 3то дете (има 7 години) и му следуваат секој месец 8.000 денари од државата како негов приход?
Мислам дека не треба, јас двете последни години сум аплицирала (и бeв прифатена) без документи за приходи на моите браќа а едниот што е во средно си зема стипендии, другиот што е во основно исто си зема секој месец за 8 месеци годишно, ништо не сум имала проблем. А да не знае некој што е со студентските сега, конкурсот е објавен од мон кога сеуште не се знае како ќе се одржува наставниот процес.
Блиц прашање: Има опција да се остане летото во студентски? Или сите се иселуваат во јуни и се вселуваат во септември? Сега, отворени се домовите за студенти? Живеат некои таму? Другите имаат достап до собите?
Моментално со ситуацијава се затворени мислам. А инаку има еден студентски, тоа е по договор, кој останува отворен во лето и си плаќаш од ден, колку денови остануваш толку и си плаќаш.
Се договараат меѓусебно кој студентски да биде отворен преку лето. На пример лани беше Гоце, пред тоа Кузман мислам. Секое лето различно е.
Конкурс мора да има, за ако се сместуваме во студентските да си биде се како што треба, со време, да си има резултати и се тоа. Полесно е кога е веќе објавен и ќе си аплицираме, па што ќе биде нека биде. Може и на 31 септември да им текне некоја измена, се се очекува од нив. Баш кога ја отворив завчера странта да го прочитам конкурсот, стоеше пораката од хакерите. Сега само не се вчитува.
Како може студентски дом да се затвори за време на лето, настрана пандемијата? Па и за време на една. Тие што живеат во него во лето треба да се местат во стан под кирија? Ова само во Македонија знам да се случува.
Дали има некој го има симнато годинашниов конкурс или да ги пиши датумите и документите кои се потребни. МОН е хакирана не отвара.
17ти август технички има време, ама дека веќе треба да можеме да се пријавуваме чудно ми е зошто не сака да ми се отвори онлајн пријавата што се пополнува, некој од тука ја има ли пополнето?
https://www.radiomof.mk/objaveno-upatstvoto-za-apliciranje-za-smestuvanje-vo-studentskite-domovi/ Објавен ви е конкурсот!
Студирам на економски во Скопје и се мислам помеѓу Гоце и Пелагонија, мислења, искуства? Кој ми е поблиску, како е со автобуси на релација фах-студенски?
Не сум престојувал во студентски но, од колеги шо кажувале, Гоце е подобар избор бидејќи пред скоро се реновираше, а мислам и повеќе би ти одговарало во однос на автобуските линии(пр. 2 од кај city mall). Пелагонија исто така не е лош избор, во главно таму престојуваат студенти од на медицински, стоматолошки, фармацевтски ради близината на факултетите, иако има и од други факултети, за автобуски линии од овде нема директно до економски мислам, ако грешам нека ме корегира некој. Сепак, подобро и подетално би ти кажал некој шо престојувал во овие домови.
Здраво, дали некој знае за аплицирање ако си регистриран во УЈП, мора регистрацијата на konkursi да биде исто преку ујп или може обична регистрација?