Во врска со административната такса, дали некој знае како треба да се пополни уплатницата и дали за сите е иста?
најлогично е да се мисли на годината што ќе бидеш од октомври (бидејќи нели некаде од средината на септември се мислам уписите за нов семестар?) сепак ако некој мисли поразлично нека пише, мада сигурно е тоа
И јас мислам дека е така, ми нема логика да пишувам академска година, очигледо дека аплицирам за 2020/21.. Фала на одговорот.
Брат ми од октомври ке е прва година на факултет па сега ако знае некој да ми каже дали да го рачунам како ученик или како студент, т.е дали кај број на студенти или кај број на ученици во семејството да пишам 1 ?
Па не знам, ми нема логика дека е ученик, бидејќи веќе завршил. Од друга страна, не е ни примен на факс сеуште за да го пишеш како студент. Најпаметно е да прашаш во министерство..
Се извинувам ама да прашам дали мора да се однесат документите во терминот што го избрав или може и друг ден? Дали можам да го сменам терминот?
пиши го како ученик се разбира, зашто ти треба и документ како потврда дека е ученик, ако го пишеш студент како ќе доставиш потврда
И за ученик јас мислам не може да земе. Како ќе земе, кога тој е веќе испишан од училиштето? Ептен зезната ситуација. Можеби треба да го пише како невработен, ама не знам, најдобро е да си праша во министерство.
Во право си и на мене ми е тоа пологично бидејќи ако го пишам студент не би имало што да доставам како потврда. Прашував во МОН ми рекоа да доставам копија од дипломата за завршено средно образование, но тогаш заборавив да прашам и за ова. Фала ви и на двете.
Некој од поискусните ако сака да ми пише приватна да ми објасни како се одвива конкурирањето за во студентски дом. Го читав конкурс и имам некои прашања бидеќи сега сум прва а од 7 започнува аплицирањето.
Здраво, сакам да прашам дали Заверениот образец “УППИ” , e потребен за студенти кои се запишуваат во прва година ?