Бидејќи треба да се испечати електронската пријава за во студентски, како ја зачувавте? Има некаде да се симне во pdf или со print screen?
Има има. На првата страна те враќа, и откако ќе аплицираш излегува во пдф. Ама понекогаш зафркава нешто и не излегува одма, мене не ми излезе после првата апликација, па уште еднаш аплицирав и излезе. И онака се важи само последната апликација.
Добар ден, ако има некој престојувано во Студентски дом Логос во Штип дали може да сподели искуство? Ви благодарам
Потврда за редовен студент. Ама знам лани не ни даваа одма, ама не ни правеа проблем за во студентски, подоцна, кога ни дадоа си однесовме во МОН.
Дали документите за во студентски може да ги достави некој друг наместо мене? И каде треба да се достават?
Мислам дека може. Оваа година, ние ги носевме во студентските домови. Ама не знам точно, ние за Пелагонија, носевме во Пелагонија, но тие што аплицираа за во Гоце, ги оставаа во Кузман. Затоа не знам точно, би требало да пишува.
Дечки дали е излезен конкурсот за уписи во интернат за прва година, бидејќи не можам да го најдам линкот за електронската пријава?
Имаш посебна тема за интернати, можеби овде побрзо ќе ти одговорат. https://forum.femina.mk/threads/Престој-во-интернат.17618/page-3
Конкурсот што е објавен на 31.07.2020 на страната на МОН важи и за студентите од прва година, таму пишува од кога до кога треба да се пријавите и да ги носите документите. А на https://konkursi.mon.gov.mk за електронска пријава, конкурсот е отворен и може да се аплицира.