sakam da prasam za apliciranje vo studentski za prva godina kopijata od diplomata za zavrseno sredno dali treba da e zaverena kaj notar??
Сакам да прашам за аплицирање во студентски, дали треба да носам потврда за плата од сестра ми, иначе мажена е и потврда дека сум се запишала на факс да извадам од факултетов или?
Дечки,знае некој бруцошите каде треба да ги достават документите за аплицирање за сместување во студентски дом, во домот за кој што аплицираат или во Кузман треба да ги однесат за сите студентски домови како што ги носеа повисоките години?
sakam da prasam za apliciranje za prva godina vo studentski dom vo elektronskata prijava vo poleto prosecen uspeh kako da se presmeta prosekot??
Здраво на сите,бруцош сум на економски годинава.Две прашања имам 1.Од наведените документи за кокурсот за студентски домови кои од документите не ми се потребни? Гледам @ElenaOfRivendell напишала дека УППИ не ми е потребен?Претпоставувам дека и Уверение со бројот на предвидени и положени испити од претходните години исто не ми е потребно. 2.Кој студентски би ми го препорачале со оглед на тоа дека сум бруцош на економски?Се мислам меѓу Стив трета зграда,Кузман и Пелагонија?Во кој од овие би ме примиле без врски и дали би било предност тоа што мајка ми е самохран родител? Фала на одговорите <3
Кузман или Пелагонија. Пелагонија се 4 цимерки во соба (незнам сега со меркиве дали ќе направат помалку да се). Имаш вц во соба, повеќе простор. Женска зграда - помирно е, и машка зграда - повеќе е галама. Имаш 2 читални големи, маркети од околу, блиско до центар. Исто, од станицата близу до Пелагонија (кај општината станицата) имаш буквално на секои 3 мин автобус кој оди до автобуска, и можеш да се симнеш на Олимписки или Џамбо, и блиско ти е факилтетот уште малку да попешачиш. Пелагонија се води како приватен, не спаѓа под ДСД Скопје. Сите прозорци се сменети, имаш нови кревети, шкафови, столчиња,маса и скоро сите вц-ња се реновирани. Исто гледам дека и фасадата е сменета . Мој совет ти е да не земеш дуплекс само - тоа е уствари од една врата која не се заклучува влегуваш во мал ходник од каде имаш две врати за во две различни соби, и уше 2 за вц. Дуплекси се сите крајни соби на спратовите во женски дел. Инаку собите ти се генерално мн повеќе зачувани во женски отколку машки. Единствена маана во женски дел е тоа што Албанките седат таму (Албанец е директор на Пелагонија), и скоро сите се со тепих, па правосмукалка. па кога ќе ја уклучат лелее наутро а ти си учел до касно Или ако ти дојдат гости, одма се бунат тие кај референтките... А само да се знае што прават уствари они, и мислат дека никој не ги знае. Ова не важи за сите инаку, и меѓу нив има друштвени и цивилизирани, но ретки се во Пелагонија. Кузман ти е буквално во строг Центар, и од тука имаш автобуси и пеш ти е блиску исто преку чаршија. Во Кузман се по 2 во соба, и вц на спрат. Кузман на времето беше најбаран, но сега е деф најкрш дом, бидејќи скоро ништо не е реновирано. Јас седев 2 години, пред 4 год тоа, и купатилата се хорор филм. Прво плачев и мислев дека шуга ќе ме фати, но се навикнуваш после бидејќи е секојдневие Читалната е мн мала, и големи се шансите ако одиш до вц, некој др да ти го зафати местото за тоа време Е сега, во Кузман стегнав другари и другарки кои ми станаа за брзо најблиски и уште ми се. Додека во Пелагонија нема таква дружба. Храната е ок и на двете места. Не очекувај како во ресторан, но разновидна е и те најадува. Врски не ти требаат за овие два дома. Моментално само за Гоце требаат бидејќи реално е најмн среден. Но ти е најдалеку тебе, треба да патуваш мн, па гужви ако фатат... Инаку за самохран родител, мислам дека ќе те ослободат од плаќање. Треба да се носи документ некој, ќе прашаш во администрација и ќе ти кажат. Тоа е предноста. А Стив немој... Крш е, ептен за никаде. Познавам деца кои на пример не можеа да седат никаде освен во Стив, но апсолутно никој од 30тина души шо познавам не заврши факултет. Има дружба, ама др е лошо се.
Јас сум во Пелагонија, и да не се повторувам со членката пред мене, со се се согласувам со неа. Значи супер е домот, јас и лани бев, и годинава пак ќе аплицирам. Немој дуплекс, како што кажа и членката. Јас бев во дуплекс, и ептен е зезнато дали ќе ти се погодат соседите од другата соба, ние постојано имавме проблем со нив, не го чистеа тоалетот.. Сакам и да надополнам за храната. Супер е јадењето, доста обилно, со тоа што немаш доручек, односно ручек почнува од 11, а вечера од 4. Не може да биде како дома, ама сепак е вкусно и тазе, тука си има кујна и го прават. Со секој ручек даваат супа, салата, сокче и нешто благо, еднаш неделно ни даваат и мнооогу убав похован стек, некогаш пица, бурек со јогурт.. Значи нема што да се пожалам. Како што кажа членката, близу е до центар, а и се има наоколу. Буквално зад домот имаш Рептил, на 5-минути имаш Веро, на 10-тина-15 Тинекс.. Наоколу имаш 2 аптеки, неколку книжарници, скоро сите банки, како и многу места за јадење, сендвичари, пекари, кафичи, ресторанчиња, бутици, продавници за чевли, ДМ, дури и занаетчии има,... И се ова е во максикум 10 минути радиус, а самиот дом е на таква локација што нема воопшто бучава, може да се спие, е се наоѓа директно на булевар. Местоположбата е идеална според мене, имаш и постојано автобуси за центар, за Џамбо, автобуска, кои инаку се на околу 20 минути пешки. Секако дека би било предност тоа што си дете на самохран родител, може дури и без пари да бидеш, мојата цимерка има еден невработен родител, и бесплатно беше сместена. Зависи и местото на живеење, со тоа што непишано правило е дека предност имаат студенти од подалечни градови. Со ситуацијава со вирусов, може да зависи и факултетот. На пример, на медицински факултет имаме физички вежби, додека на ФИНКИ, се ќе бидат онлајн, така да, можеби ќе имаат предност тие од медф, со цел да не се прави гужва.. Инаку да, не ти треба такво уверение, ниту УППИ.
И уште нешто,јас сега откако ќе аплицирам онлјан,документите треба да ги однесам во студентскиот кај што сум аплицирал или во МОН? Ми фали уште Потврда за редовност во текот на студиите,дали би ми правеле проблем?
До сега беше во МОН, ама оваа година, поради вирусот, се носеа во студентските домови директно. За во Пелагонија носевме таму, ама знам дека за другите студентски, на пример за Гоце, носеа во Кузман. Инаку, не би требало да ти прават проблем, и нас лани не ни дадоа, па нахнадно си однесовме во МОН. Само чувај си го ливчето со бројче што ќе ти го дадат кога ќе носиш документи, бидејќи кога ја однесов потврдата, ми побараа кое бројче сум за да ме најдат во системот.
Јас аплицирав во Стив во нови бараки и случајно да не ме примат во 3та зграда. Кога ги носев документите ми велеа дека Стив е тешко за учење кај сум го нашол ама пошто сум на ПМФ најблиску мие. Иначе по колку души се во соба во Стив?
Знае ли некој кои примања треба да се наведат под "ДРУГИ ВКУПНИ НЕТО МЕСЕЧНИ ПРИМАЊА ВО ПОТЕСНОТО СЕМЕЈСТВО ПО РАЗЛИЧНИ ОСНОВИ"? На пример Алиментација или Гарантирана минимална помош.
Здраво, дечки.. Имам еден мал проблем при конкурирање за дом.. Вака.. Нели во електронската апликација има да ги внесеш примањата на родители и плус други приходи.. Е сега, сестра ми беше вработена до пред неколку недели, меѓутоа имам потврда за нејзина плата од јуни (на страната пишува дека треба за јунска плата).. Дали да го пишам тоа како плус приходи или да пишам 0 приходи и да ја означам како невработена, како што и е моментално ситуацијата? Бидејќи претпоставувам дека и шансите за да ме примат се помали доколку имам три приходи, а уствари имам два..