Не ти требаат извод и државјанство заверени. Дури и свидетелствата и дипломата како што кажав погоре, мислам, али мислам дека не мора. И тие за вработеност, ок. Е сега, тие пријавите, изјавите, што чудо беа, само на страната кај што се пријавувате можеш да ги симнеш. Имаше 4 мислам, од кои изјави за твоите, па за тебе и плус ти требаат двајца жиранти (и за тоа има изјава) и кога ќе одиш да ги даваш документите ти треба и фотокопија од личните карти на жирантите. Јас лани не носев, па после фотокопирав. Значи, мислам оти уште немате аплицирано, бар како што се сеќавам од лани (накај 20-26 август аплицираа бруцошите), па дававме документи потоа, така да, кога ќе го отворат конкурсот, од таму ќе ги симнеш тие изјавите што ги бараш.
1.пријава (ја имам, само треба да ја испечатам. Ама има проблем од старт, нели пишува таму број на индекс ) 2.изјава за семејно-го имам 3.изјава од родител-ок тоа 4.изјава за идентични податоци-ок тоа 5.изјава од факултет-е кај сеа да најдам, коа ушпте ни резултати немаме?? 6.уплатница-ок ке уплатам а тоа за жиранти кај да го најдам, или уште го нема?
Бруцош си, така? Епа рано ти е... сé уште за прибирање документи, таман кога дојде ред да ги поднесуваш документите ќе може да извадиш изјава дека си се запишала на факултетот. Јас колку што се сеќавам, минатата година документите за студентски ги носев денот после тоа финалното запишување на факултет, со индекс и со се, е тогаш можат да ти дадат уверение од факултетот дека си се запишала.
Потврда се вика тоа, дека си редовен студент и ја издаваат од факултетот. Е за таа потврда, кога ќе носиш документи на факултет, значи на 30 или 31, ќе ти издадат и таква потврда, 100 ден е, и најнормално после кога ќе носиш документи за домот, ќе си ја носиш и таа. Јас лани се запишав на 31 и истиот ден однесов документи во Кузман, така да, нема што да се секираш, временски е се поклопено.
За тоа колкави се шансите да влезиш како бруцош без врски не знам ама за пешачење ми кажа една другарка беше таму лани и имало некое скратено патче оделе многу студенти од Пелагонија до комплексот и било околу 15 до 20 минути.
Знае некој како се бираат цимерки во Стив, и дали кога се носи документи прашуваат дали имаш некој со кој сакаш да бидеш во соба?
од денес ли почнува конкурсот за во студентските домови за прва година или од утре кој знае ако може да ми каже
Они ти одбираат цимерки како им дојде така, нема некои критериуми ама ако имаш другарка некоја може да им кажете да седите заедно.
Кој студентски дом е поблиску до феит(електро)...за гоце и кузман неможам да аплицирам пошто сум бруцош..така да само пелагонија и стив ми остануваат(медицинар не доаѓа во предвид)...кој дом ми е поблиску или барем само со еден автобус да се возам(а не да менам по два-три)??/
Па, кога ќе се вселуваш, негде пред 15 септември, и кога ќе одите по соба, завлечи една или две со кои сакаш да бидеш цимерка и мислам дека нема да прават дечките проблеми. Лани јас и цимерката влеговме заедно, им рековме дека сакаме заедно да бидеме, и без проблем не ставија во иста соба.
Да дури и ако сте бруцоши само малку потешко е оти голем дел од студентите се вселени. Ама може во договор со цимерките други да направите замена, ке кажите на управничката и готово. Сепак јас не ви препорачувам да бидите цимерки со блиска другарка.
Девојки, дали треба да се извади потврда за семејно-имотна положба од УЈП за во студентски? И во пријавата пишува колку приходи од земјоделство од ова од она јас од каде да знам?
Па татко ти и мајка ти најверојатно си ги знаат приходите,така да тоа можеш да го средиш со татко ти. Инаку да,треба сето тоа од УЈП и плус,таму за плати последни земени треба исто извештај или потврда,како и да се викаше тоа.. Ако си бруцош,не брзај,консултирај се со твоите,убаво разгледајте ги сите документи да не испадне после грешка.
Веќе ги извадија моите тие потврди за последна плата, ке извадиме потврда од УЈП можеби во неа пишува за приходите и ке ги прашам моите за да нема некоја грешка. Иначе ова за брат ми го прашувам. A, за мене ке треба да вадам потврда дека сум редовен ученик?
^^ Да,ќе ти треба за брат. Али види,ако работи,треба да извадиш од неговото работно место,ако не,тогаш мислам дека се вади од УЈП,дека уствари не остварува приходи,или таму во едниот лист,го пишуваш дека не остварува приходи. А инаку,да и тебе ќе ти треба потврда за редовен,ама тоа кога ќе се запишеш на факултет,освен ако веќе не знаеш дека си примена.
Кога се носи документот за жирантите?Заедно со сите кои се носат во домот или подоцна?И дали можат да бидат жиранти вработени во иста фирма?Не знам зошто на страната за аплицирање го нема тој документ и зошто не се пишува името на студентот на истиот,само на студентскиот дом за кој аплицираш.Некако не ми изгледа валиден како таков...