Информација од МОН: Доколку се аплицира електронски не треба да се плати адм. такса и да се достави молба.
Дали знаете дали можам да аплицирам за студентски без целосно внесени оценки на положени предмети во iknow и во индекс.Организираноста на факултетот е нула.Три оценки немам земено бидејќи никаква информација немаме од нив.
И мене секоја година ми се случи така да не ми внесат оценки на време и сум аплицирала само со тие оценки што ги имав на iknow, не сум имала никаков проблем и не би требало да имаш ни ти пошто тие од МОН не ги знаат внатрешните работи на твојот факултет. Ако проблемот ти е за да не мислат дека ќе повторуваш година пошто имаш мал број на положени предмети, пак ист случај, пак не ми направија никаков проблем (знаат дека задоцнат со внесување оценки и дека има уште една испитна). Секако, рокот е до 20.08 така да ако жожеш чекај малце и не аплицирај веднаш. Со "не ги знаат внатрешните работи" мислев на тоа дека тие не знаат дека на уверението не ти е точен бројот на положените испити, само тоа што фигурира на iknow (и со тоа и во уверение) се зема во предвид од нив.
Uplatnici nekoj dali mozit da mi sliknit od tie za uppi obrazec, za redoven student, i za polozeni predmeti, poso sakam da uplatam pred da odam za Sk Aku imat nekoj uplatnici od studentski od Sotmatoloski, za ovie so trebit za uppi, za redoven student, i za polozeni ispiti uplateno za vo Studenstki so se del so uplatnicive, dali mozit slika da mi pratit vo poraka? Posto ne znam kako da gi popolnam Za studentski dom mi trebet
Секој факултет има различни цени за документиве и различни начини (податоци) како се потполнат уплатниците, на кој факултет си ти? Истотака уппи образецот и уверението паѓат на иста цена (значи само една уплата - уплатница) и потврдата за редовен студент е бесплатна на некои факултети. Пример на Финки потврдата за редовен студент е бесплатна и уверението за положени испити е 100ден. На медицински за потврда се плаќа 100ден а за уверение за положени испити 200ден, итн.
При пополнување на УППИ, во табелата кај бројот на предвидени предмети треба да го напишеме бројот на предмети кој сме ги запишале, така? Бидејќи јас сега летниов семестар запишав само 3 предмети ,а можев 4. Дали предвидени предмети е исто што и запишани предмети?
Јас лани го напишав бројот на предмети што сум запишал, а не колку беа предвидени. Не знам дали е точно но во студентски не ми направија проблем.
Дали се носат документите во студентскиот дом, или пак онлајн се аплицира или треба и онлајн и во живо да се носат документите?? Фала ви
Може да се аплицира електронски и не мора да се оди физички да се носат, доволно е електронската пријава. Доколку немаш услови за електронски, тогаш документите ги носиш во Кузман.
Здраво дали има некој проблем со електронското аплицирање, откако ќе ги прикачам сите документи се обидувам да аплицирам и секогаш вели неуспешно аплицирање?
Имам едно прашање. Треба да аплицирам за сместување, и сега сестра ми е матурантка, заврши средна школа, а на факултет не е запишана се уште, каков документ треба да приложам за нејзе?
Извади потврда од средното школо, бидејќи се смета за редовен ученик до 31 август,нас така ни кажаа барем.
Има некој проблем со електронското аплицирање? Пополнувам се, праќам и ми пишува неуспешно аплицирање
доколку аплицираме во домот, не онлајн, кој е тој евидентен лист што треба да го пополниме покрај документите? дали треба да го имаме сами или тие бесплатно ни го даваат за пополнување на лице место??
Дали некој друг сеуште има проблем со аплицирање? Пробувам од вчера и секој пат ми дава неуспешно аплицирање.