Имам проблем со електронското пријавување. Кога притиснам најдолу на "Аплицирај" податоците не сакаат да се испратат, едноставно останува на истата страна. Имал некој ваков проблем?
Средив тоа. Дали и кај вас кога ќе ја прегледате апликацијата во мои "Апликации" долу кај документите ви пишува "No file chosen" а сте ги прикачиле? Ја ажурирав апликацијата, ги прикачив пак и истото пак пишува.
Така пишуваше и кај мене, и оваа година и лани, и пак ги ставив, шубе ми беше, и повеќе не кликнав да ја видам апликацијата, да не ми се избришат пак.
Само на првото "Превземи" ако чкрапнма се сметнуваат сите документите во zip а ако чкрапам поединечно на сите не се сметнуваат и пак пишува "no chosen files"... Јас дури сега го видов идентификациониот број и во "Барањето" рачно што се потполнува не пишав ништо, незнаев што треба.. Уф стресој..
Во барањето само заокружуваш кој ти е втора опција за студентски дом, и редиш штиклирки кои документи ги имаш. Инаку мене во пдф ми се ставаа, не ми се зипуваа..
И јас ги прикачив во pdf, ама во "Мои Апликации" кога ќе притиснам на првото "Превземи" системот автоматски ги превзема сите документи во zip, додека ако чкрапам едно по едно за да се превземат од системот не ги даунлодира.
Па намерно е така направено од еден студент сите наеднаш да ги симнува, а не едно по едно. Кај сите така дава. Се менува при секое ажурирање.
Дали и кај некој друг воопшто не отвара страната за електронско пријавување? Незнам дали е падната страната или јас на грешка линк отварам
Во врска со електронското аплицирање, дали првен ги испринтавте потребните документи, ги пополнивте рачно па ги скениравте и прикачивте, или електронски ги пополнивте сите (изјави, барање...) и ги прикачивте како што се, или пак во pdf верзија? За останатите документи како потврдата за редовен студент знам дека треба да се скенира и прикачи како таква.