Видов и знам дека е така, јас електронски си аплицирав. Ја цитирав cottonball чисто за ако стапила во контакт со нашите референтки да каже што одговор добила.
Немам, на МОН на меил ми вратија одговор со некои броеви за да им се јавам у телефон и веќе е доцна не мислам дека ќе кренат. Нема да си одам, нека прават што сакат.
Здраво, јас годинава ќе почнам со факултет и би сакала да ве прашам како оди процедурата за пријавување во студентски дом, постапка и како се движат цените. Ако може некој да ми пише и објасни би ви била многун благодарна.
На сајтот на МОН во конкурсот е објаснато се. Документите се исти како и за другите освен тоа што вие не треба да приложите УППИ и Уверение за испити туку Диплома од средно. Датумите за аплицирање за прва година се објавени. Може да се аплицира електронски преку euslugi.mon или физички да се достават документите ако немаш услов за електронски. Цената мислам дека беше околу 3700ден месечно. Оваа година ќе работат со полн капацитет што значи 3-4 во соба.
Да додадам и јас нешто, можно е ќе ти биде од корист, кој има ниски примања во неговото семејство (имаше еден лимит-максимум но не знам колку беше) или примаат социјална парична помош (невработени родители) најверојатно не плаќа, само на почеток некои административни такси за средење документи и сл. и толку. Тоа секако ќе биде објавено кога ќе излезат резултатите дали си била прифатена и дали ќе плаќаш или не.
Има.Рокот за пријавување на студентите од I година почнува од 06.09.2021 година и трае до 24.09.2021 година.
Девојќи да не знае некој дали ова е започнато со студенскиов оброк и дали треба да се пријавиме на студентски прашања?
Започнато е, рокот за пријавување за тековните студенти е од 1 до 31 август 2021 година. За кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2021/2022 година рокот за пријавување е од 1 до 31 октомври 2021 година.
Ме интересира дали ние од другите градови ќе може да остануваме во студентски преку целата година (не знам како му доаѓа) ако предавањето биде онлајн?
Ако ќе бидеш прифатена и фатиш соба, што и да се случи со факсот никој нема да дојде да те избрка пошто не ги следат веќе овие работи штом ќе се вселат студентите. Мора да споменам дека лани ниту ги прифатија некои студенти од факултети кои пуштиле официјално известување дека наставата ќе и биде онлајн но лани бројот на достапни легла во сите студентски домови беше скратен на пола па можеби затоа.
Секоја година на конкурсот пишува датумот кога треба да има резултати но секогаш задоцнат па не се знае сигурно.
Цената се движи од 3.400 - 3.700 денари, зависи за кој студентски дом станува збор. Конкретно за Кузман најдов на интернет податок - 3.495,00 денари.
Здраво. Би сакала да ве прашам за мислење околу студентските домови во Скопје, ќе се запишувам 1ва година на Стоматолошки, па Кузман е најблизу и ако може да ми кажете како стои внатре, дали се многу лоши условите, дали има нешто реновирано и се што знаете за студентскиот дом Кузман. Секоја информација е добредојдена.Ви благодарам однапред!! Добредојдени се информации и за студентските Пелагонија, Стив... и Гоце исто така.