Нека не ве лажат дека не примале бруцоши кузман или пелагонија!! со врски секаде примаат! Единствено кузман може малку потешко оти сите сакаат таму,има премн навала а се само 600 места...ама со јаки врски се се решава. Дали друг повозрасен студент ке аплицира за тебе или нешто друго,ако имаш човек да те смести-таму си. А пелаганија мало сутра дека неможеш да влезеш а за стив и гоце да не праиме муабет! Во стив „као“ 3ца во соба треба да се,женска зграда, а уствари во секое време од годината се вселуваат како 4ти цимерки Хаос невиден! пуста политика еееј, какви прелиминарни какви конечни списоци! Може ако се од иста фирма, да. А се нос на денот на вселување документот.
Извадив семејно материјално за секој полнолетен член во семејството...кај мене пишува вкупно:0,а за мајками и таткоми по 100 и нешто илјади под лични примања според член 14 и 14а од ЗПДД....но што ве читав назад кај вашите семејни-материјална за родителите сте имале вкупно:0....да не е нешто грешка кај мене...моите немаат никаков имот под нивно име,единствено тоа што се вработени и осигурани...Ќе имам ли проблем бидејќи имаат лични примања накај 170 000 за секој посебно. П.С. Мора ли да вадам од школото на сестрами потврда за редовен ученик??
За сестра ти мора да извадиш потврда од школо ОБАВЕЗНО. Види јас имам примања пишано годинава по 300 000 за моите па ме има на прелиминарен порано имав дупло помалку па ме немаше. Овие години повеќе е на срека отколку на поени. Единствено што треба да внимавате е податоците во пријавата и на документите да ви се исти до бројче.
Да точно така, Хилјадников е нов приватен дом и доста добро опремен, што може да се каже дека не си сместен во соба туку во апартман со посебно веце,кујна и 5 цимерки Да 5 или 4 цимерки кои можат само да бидат пречка другото е навистина совршено. Домот се наоѓа токму во центарот на градот п.с Има профил на фацебоок. Оди во пребарувачот ХИЛЈАДНИКОВ НОВ СТУДЕНТСКИ ДОМ ВО ШТИП
Мислам дека со 170 000 месечни примања на родителите нема да те примат во студентски. Од проста причина што има стварно студенти кои немаат можности за во стан,па седат во студентски.. Би рекле,шо праи бе оваа,170 000 земаат нејзините и сака да ја примиме во студентски?! А чекај,ти да не мислеше,17 000..? Една нула многу значи.
Не ме разбра што сакав да прашам ...и на мене ми се нови овие работи и затоа прашав за семејното-материјално кое го извадив за секој член посебно кај моето пишуваше 0 ден.а кај мајками под првата точка т.е. "Лични примања според член 14 и 14а од ЗПДД" стоеше 168 504 ден.А инаку зима плата од 10 000 ден.И сега и мене не ми беше јасно од кај излезе оваа сума...дали е од осигурањето...пошто е осигурана.А секако дека доколку се толкави примањата не би седела во студентски.Си прашам да не е нешто грешка...немаат никаков имот под нивно име а од кај излезе оваа сума.
можеби е написана просецната плата на мајка ти за цела година сметаат некој годисен просек на лицен доход
Па на тие листови ги пишува годишните примања а не месечните. затоа е толкава сумата. А плус може и осигурувањето го сметаат. Во секој случај на 4 члено семејство не ја гледаат многу разликата годишна од 40000. Гледај да потполниш се точно во пријавата и за друго не се замарај, после тоа среќа и врски одлучуваат.
Таму пишува потврда за плата за јуни 2011, а не годишен приход. А од матријалното што треба да се извади е друго нема врска со платата.
што материјално е тоа од каде да се извади нели треба само за јуни или последен песец исплатена плата и таа изјавата за сите членови а од каде се овие толку големи сумиииии????треба нешто годишно да се пишува????
Кога вадев семејно-материјално од УЈП ми дадоа барања прво да потполнам за секој член посебно...и после ми дадоа уверение за остварени приходи на секој посебно...на документите пишува уверение за остварени приходи а не семејно материјално...исто е тоа??...таму ми се напишани тие суми,во тоа уверението.А кога ќе почне конкурсот за аплицирање за бруцоши...како што гледам сеуште не е почнат.
6. Изјава за семејната положба на студентот, односно неговото семејство; Што треба тука да се вади, ова не го сфакам....
Тоа е всушност семејното-материјално...е сега и мене не ми е јасно баш околу тоа...кај мене пишува вкупно 0 ден...а кај родителите по 100 илјади и неколку ден....да не ми е грешка нешто.
И како кај го вадеше тоа? Кај треба да се оди. Јас го имам тоа под точка 7 за потврди за приходите односно платите а за ова не сфаќам едит. сега ова го најдов на мон, има пример за изјава http://www.smestuvanje.mon.gov.mk/Potre ... menti.aspx
И како кај го вадеше тоа? Кај треба да се оди. Јас го имам тоа под точка 7 за потврди за приходите односно платите а за ова не сфаќам Вака тоа под 6та точка е семејната положба..т.е. од колку члена се состои семејството...тоа треба само да го испринташ и потпуниш...а плус треба да вадеш семејно материјално од УЈП(управа за јавни приходи).
Зошто кога одам пријави се ми излегува Конкурси во тек Напомена: Доколку за еден конкурс електронската пријава ја пополните и поднесете повеќе пати, за валидна ќе се смета последната поднесена пријава. Помош за пријавување може да најдете во делот помош, Најчесто поставувани прашања. Моментално нема активни конкурси! ???????????
Рок за електронското пријавување на студентите од I година почнува од 22.08.2011 година до 28.08.2011 година. Од денес требаше да е активен.
Активен е конечно Среден успех остварен во текот на школувањето:??Оценките од сите години да ги поделам со бројот на предмети во сите 4 години/??