Минатите години доцнеа со денови за се. Оваа година се покажаа добри, еве гледам за ученичките домови објавиле на датата што била наведена за резултати. Така да, јас имам надеж за денес.
Па во глобала, каде и да бидеш блиску ти е. Стив и Кузман ти се најблиски. 1. Кузман Јосифовски - Питу - 2.1 км 2. Стив Наумов - 2.3км 3. Пелагонија - малку подалеку од тие два, ама имаш и автобуси така да ништо страшно.
Ми кажаа дека се гледа дали сме примени во мои апликации на страната каде што аплициравме. Кај мене во статус пишува прифатено, и демек тоа значело дека сум примена. Проверете си што ви пишува. Само уклучете се од компјутер, бидејќи не се прикажува од телефон.
Не би требало да е така, јас мислам дека тоа значи дека апликацијата е прифатена, освен ако од МОН така кажале. Сигурна е информацијава, или само претпоставка е?
Претпоставка е, бидејќи до вчера во статус пишувало примено, а денес пишува прифатено, а кај некои одбиено
Штом има кај некои одбиено, можно е да игра улога статусот. Како и да е, треба да излезат официјално резултатите на страницата, со известување за вселување, ослободување од партиципација итн.
Луѓе нема ли негде кај да се обратиме да прашаме, оти поминува времево а луѓево си немаат абер, мене ме загрижува работава да не испадне на 30ти септември да објават..
Ова класика е секоја година, кога почнував прва година објавија во 11 вечерта, на 30ти септември, така да, ништо не ме чуди.
И да се обратиш на мејлот на МОН, ќе ти вратат следете ја нашата веб страница. Има уште еден контакт, што чисто сумлам дека ќе врати со конкретен одговор. Ако сакаш пробај си ја среќата. Раководител на одделение за студентски стандард Џемиле Идризи xhemile.lamallari@mon.gov.mk
Ако има некој слики од уплатници за Пелагонија што требат за вселување ако може да ги прикачува/ми ги прати на лп би и била многу благодарна.