Јас успеав да видам за среќа, примена сум во Пелагонија сега сакав да ги видам другите листи пошто во Пелагонија мал број се примани, дали е случајот со сите студентски домови вака оваа година?
Јас првпат оваа година сум примен во студентски дом и имам прашање за сместувањето. Дали треба да чекам да објават распоред за сместување или треба во следните 10 дена да одам во студентскиот дом каде што сум приман да се вселам? И ако некој знае, дали може да ми каже кои документи треба да ги однесам при вселувањето, како и каде треба да се уплатат парите?
Ако поминат 10 дена, ќе си го изгубиш местото. Тоа е крајниот рок. Вселувањето почнува во понеделник, 06.09, во 08:00 часот. Во следните 10 дена треба да одиш. Минатата година имаше на страната на ДСД кои документи и уплатници треба да се носат, ама кажи во кој студентски си, па консултирај се со некој што е во истиот.