Уште нешто да те прашам, Во документите за вселување пишува дека треба да се достави и потврда за запишаниот тековен семестар и копија од индекс, тоа значи дека треба од летниов семестар или овај наредниов т.е зимски? Кај нас заверка и упис на зимски семестар започнува на 20 Септември а вселувањето на домов трае 10 дена.
Дали потврдата за запишан тековен семестар што ја бараат во Гоце за вселување е истиот документ со потврда за редовен студент што ја вадевме како дел од документите за аплицирање?
Од понеделник можеш и да седиш, секако си плаќаш станарина и за месец септември ако не си ослободена. Објавени се на страницата на ДСД. Никогаш не сум носела, ама зборувам за Пелагонија. Носи си ја истата од претходниот семестар, на ниеден факултет не е започнато запишувањето на зимски семестар.
contact@mon.gov.mk Ii jas sum vo ista situacija.. Ako dobiesh odgovor te molam izvesti me. Shto mislam deka duri ponedelnik kje dobieme odgovor bidejki ne raboti mon.
И таткоми е бранител и јас не сум ослободен а лани бев. Поднесовте приговор на мејл од МОН или на друг мејл? Лани имало посебен мејл за приговори..
Поднесете сите приговори, ќе ви ги прифатат. Минатата година имаше дури околу 70тина приговори што беа прифатени.
Приговори можат да се поднесат до четврток? Им пишав на МОН дали ќе има електронски праќање на приговори, изгледа ќе одговарат понеделник со оглед на тоа дека не работат утре.
Приговор по резултатите се доставува до архивата на Министерството за образование и наука, „ул. Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите. Резултативе се објавени вчера, денеска и утре неработни шо значи сепак до четврток?
Едно прашање. Во однос на ослободување од партиципација како дете на бранител, дали под бранител се подразбира само повреден/загинат, или и само учесник?
И учесник. Со член 2 став 1 за посебни права на бранителите се опфатени и учесниците и нивните членови од семејства со кои бранителот се смета за бранител во кризните региони во 2001 во одбрана на територијалниот интегритет на РМ.
Некојј примен во Гоце да сака да седии во Кузман ? И дали знае некој повеќе околу поднесување приговор, дали треба лично да се однесат или може електронски и дали треба да се сместуваме ако сме веќе примени, а имаме приговор..
Дали тие што се ослободени од партиципација ги плаќаат останатите 3 уплатници при вселување? (Општа штета и сл)