Дали во Гоце во Тафталиџе сеуште работи диското најгоре? Порано идев многу таму, ама сега одамна не сум бил.
Може ли некој доколку знае да ми каже каков е тој документ: Потврда за запишан тековен семестар и како можам да го извадам?
Да, лани можело и на мејл приговор.Јас се обратив во студентскиот , конкретно Пелагонија и ми рекоа во МОН да однесам што поскоро.Ако ми вратат од МОН ќе ти кажам.
Сакам да ве прашам за мислење кој студентски да го одберам за прва година сега. Дали Гоце или Кузман? Кој има подобри услови пр. топла вода, читална, храна..? Инаку ќе учам на ФЕИТ и далечината не е проблем.
2 мали слики и следните уплатници: за документи 200ден, за општа штета 250ден, за КЗЖ 250ден и за станарина 3695ден ако не си ослободена од плаќање.
Здраво може ли некој да ми каже какви се условите во студентски поконкретно за Гоце и Кузман.. Ме интересира како се тоалетите, греењето во зима, има ли некаде перални, исхраната, општо атмосферата како е
Дали треба за студентски извод од матична книга на родени да не биде постар од 6 месеци? Дали ке прават проблем доколку е постар од 6 месеци?
Дали доколку едниот родител е невработен, а другиот зема минимална плата стекнуваш право за ослободување од партиципација?
Здраво , јас сум прва година и сакам да аплицирам за еден од студентските домови. На апликацијата има поле за да се прикачат документи е сега мене ми е прашањето дали изјавите (што ги има на МОН стр.)треба да ги испечатам и да ги да ги потполнам па да ги прикачам? Или изјавите не се воопшто потребни бидејќи аплицирам Online
Дали студентите на воени инвалиди од било која група воен инвалидитет се ослободени од плаќање на станарина во студентските домови или имаат само предност при сместување?
Здраво, дали некој знае кои документи треба да се прикачат на конкурсот за прием на студенти од прва година? Некои од наведените изјави/барања кои ги има на страната на МОН се за студенти од повисоките години и незнам дали тие треба да се изостават или за нас се потребни други документи како замена за тие?