Јас на филозофски сум, побарав потврда за редовен студент за во студентски и ми дадоа обична потврда само да напишеш име презиме и причина за што ти е потврдата.
Дали ако конкурирам за студенски дом, а наставата се одржува онлајн ќе треба да плаќам? На ФИНКИ има објавено дека зимскиот семестар ќе биде онлајн, но можно е летниот да биде со присуство.
Ќе уплатиш во банка уплатница 100 денари е за редовен студент, ќе напишеш молба и ќе одиш до деканат. Работат од 12:00-14:00h пон-петок
Дечки, ве молам помош! Каде можам да добијам потврда за редовен студент? И ако треба да се прати барање, каде го има образецот за барање за потврда за редовен студент бидејќи јас во iknow не можам да влезам после уписи, блокиран е сајтот.
Кај мене на факултет е вака: уплаќаш уплатница (100 или 150 ден беше мислам), пишуваш молба на лист, ги даваш на студентски прашања, и тие ти даваат потврда.
Дали може потврдата за редовен студент да ја земе некој друг а не лично, бидејќи не сум од Скопје па со бројчето од индекс и слично некој друг да ја земе?
Кој друг документ можам да го користам како потврда дека сум примена на факултет? На конкурсот пишува дека може и друг, не мора за редовен студент.
А шо е разликата во “Потврда за редовност во текот на студиите” и “Потврда за запишани редовни студии” или тоа е тој истиот документ шо го даваат од факс
Здраво, при пополнување на електронската пријава има опција за просечен успех. Е сега јас сум бруцош и првпат пополнувам и не ми е баш јасно дали треба да го ставам успехот од средно заедно со поените од матурата или само успехот од оценките.
Дали за аплицирање во студентски дом во потребната документација за бруцоши треба да се испрати заверен образец УППИ и дали е задолжително да се напише број на индекс во барањето зашто се уште ни ги немаат дадено?
Imam podneseno prigovor za osloboduvanje od participacija. Kje se smestuvam utre dali treba da platam za mesec septemvri ili kako shto nekoj pogore kazha da ja nosam potvrdata za roditel branitel i kje me oslobodat tie?