И моите моментално не се доволно финансиски способни да ме зидржуваат да седам под стан.Па затоа ми велат дека доколку сакам во Скопје барем ако може да седам во дом.Но јас никако не можам да седам со повеќе души во соба не дека во станот нема да сме 4.Гледам од страната на хигиената и мирот кој ми е потребен додека учам.Така што навистина не знам што да изберам....Инаку вие во кој студенски дом ќе седите?
Сега домот е секако подобар од стан во финанасиска смисла гледано а штом твоите не можат да ти финансираат стан најдобро е дом мислам и тоа и ти останува. И јас ќе имам проблем со учењето тоа знам, бидејќи сум навикната сама во соба да си читам и никој да не ми смета ....... Па затоа постојат читални, библиотеки и друго ..... во соба нема шанси да седнеш да учиш па затоа ќе ги користиш овие ..... А за кој дом јас ќе аплицирам во Пелагонија бидејќи повеќе души ми кажаа дека само таму примаат бруцоши ..... и јас го имам истиот проблем како тебе па затоа убаво размисли си, зборувај со твоите и пиши што ќе одлучиш ..... поззз
Не знам што ќе правам можеби нема ни да учам во Скопје ептен се нервирам.Проблемот е нуму да заминам и да треба да се вратам.Таква е моменталната состојба...зошто баш сега е таква а?Баш за мене?Која среќа ја имам јас лелелеле
Значи јас од условите во сите домови во кои сум седела сум задоволна(освен во медицинар-не го препорачувам на никој),мојот проблем е што имав лошо искуство со сите цимерки кои ми се погодија.Од наркоманки,до спонзоруши,се сум видела и сум сфатила дека нема компромис со сите луѓе.Колку повеќе се обидуваш да разговараш за она што тебе ти пречи,толку помалку тие обраќаат внимание на тебе.а многу е лошо кога си во соба со некого,кога живеете заедно а не се поднесувате меѓу себе и нон-стоп се карате или воопшто не зборувате.Оваа година пак ќе аплицирам за во студентски)во кузман или гоце)па се надевам дека нема да го имам истиот проблем
Значи јас од условите во сите домови во кои сум седела сум задоволна(освен во медицинар-не го препорачувам на никој),мојот проблем е што имав лошо искуство со сите цимерки кои ми се погодија.Од наркоманки,до спонзоруши,се сум видела и сум сфатила дека нема компромис со сите луѓе.Колку повеќе се обидуваш да разговараш за она што тебе ти пречи,толку помалку тие обраќаат внимание на тебе.а многу е лошо кога си во соба со некого,кога живеете заедно а не се поднесувате меѓу себе и нон-стоп се карате или воопшто не зборувате.Оваа година пак ќе аплицирам за во студентски)во кузман или гоце)па се надевам дека нема да го имам истиот проблем [/quote] Ај и јас ти посакувам среќа да не ти се погодат пак такви цимерки (наркоманки, курви и такви глупачки други ) и јас си се молам ако ме примат и јас да не трефнам на некоја таква оти сум вака темперамент голем и свашта може да се деси
Studentski dom Sakam da apliciram za vo studentskiot dom... Ovaa godina ke bidam brucos.. pa ako mozi nekoj sigurno da mi kazi o d koga do koga treba da apliciram ... zosto ovde na portalive sretnuva 2 upisni rokovi eden sto e do 09.08.2010 ... a drigiov e od 21.08.2010 do nz koga tocno ... Ako mozi nekoj da me informira podetalno za rokot za brucosi
Devojki edno prasanje...neli barakite vo Stiv pocnaa da gi rusat ? Zar ovaa god. povtorno ke ima studenti koi ke bidat smesteni tamu ? Inaku daj kazete zbor dva poveke za Stiv i jas planiram da apliciram tamu Vistina li e deka vo zenskata zgrada ima samo po 1no WC na sprat ? Fala PozdraV
Лани се седеше во бараките бидејќи едната машка зграда не работеше. Сега не сум баш во тек до каде стигнале со изградбата т.е. дали ќе ја пуштат од септември. Како и да е , во бараките не уселуваат женски , така да ако добиеш место преку интернет сигурно ќе бидеш сместена во женската зграда. Таму седат по 4 во соба, за цел спрат има едно мизерно вц и една бања... првиот впечаток ќе ти биде , ама верувај после ќе се навикнеш
Дечки,дали имате претстојувано во студентскиот дом Гоце? Ако имате искуства од таму ,ве молам кажете. Ме интересира колку цимери се во соба,дали има посебно wc во секоја соба или па едно за цел спрат,друго ..во која населба се наоѓа домот(знам само дека се наоѓа на ул.Крсте Мисирков) и дали се згради или бараки. И општо ме интересира какви се условите,зашто се двоумам меѓу овој и Стив. Би ми значеле вашите мислења и искуства. Поздрав
^^ Во Гоце седат по 2 во соба... многу мала 2 на 2 ќе му дојде. Згради се значи, изгледа 4 беа, во некои имаш ВЦ во соба во некои едно на цел спрат. Така да не знаеш каква ќе ти се погоди. Немам седено таму , ама сум одела и не ми се допаѓа воопшто. Многу е морничаво, ходниците се ко во лудница... Инаку не знам баш да ти кажам во која населба е, после Карпошите, далеку од центар... Пеш никаде не можеш да отидеш. Значи условите во Стив општо се подобри, само што ваму сте 4 цимерки, а во Гоце 2. Е сега на тебе е дали поднесуваш гужва или исклучиво мир и тишина. А на кој факултет ќе се запишуваш???
Јас пак разбрав дека во Стив сега нешто женската зграда ја подновиле, ја реновирале што знам што и правеле, важно била колку толку ок, а не биле само по 4 во соба туку и по 2 па и по 1. И секако е поблиску дури и пешки се оди ако си на овие правен, економски и филолошки.
Ајде вака јас како најкомпетентна, со најдолго искуство во студентските домови да ви расчистам некои дилеми, бидејќи бе гледам дека малце ми лутате во размислувањата за студентските. Прво да ти кажам мила elenaklasik, студентскиот Гоце изгледа вака и се наоѓа во Тафталиџе 2, а автобуси за таму имаш од кај ќе посакаш. Завивси на што ќе се запишуваш, доколку си на некој од техничките факултети, тоа ти е најдобар избор, а доколку си на економски, правен или филозовски, дефинитивно Стив ти е изборот. Во Гоце се 2 во соба, собите со ок, и можеш да имаш многу приватност за разлика од Стив. Во Стив секој со секој се познава, секој за секој знае се, не еубаво тоа што имаш 3, а може и 4 цимерки, така да малку е гужвичка. Точно е дека има соби за 2 или за 1 ама тие соби скоро е невозможно да се добијат без врски Јас живеев 3 години во Стив и сменив 9 цимерки, но верувај, со ни една се немам скарано, и до ден денеска со сите си живеам и сега ми се добри другарки. Се зависи како ќе се поставиш. Во Гоце пак седев година и пол, и таму во право си, морничаво е, ама не е до толку бидејќки нон-стоп некој шета навака-натака. Таму е скроз спротивно од Стив, никој со никој не се знае, комшиите не ти доаѓаат на кафе и секој учи во соба. Е сега процени каде мислиш дека ќе ти биде поубаво. А за хигиената во соба, ќе си зависи само од тебе и од цимерките, доколку вие си ја одржавате чиста, нема да имате проблем. Истото го имам пишувано и на страна 1 од оваа тема, прочитај го и тоа. Мој совет е, првите години од студирањето помини ги во Стив, нема да се покаеш!
Во голема дилема сум за студентскиве домови. Читам,разгледувам по интернет,ме интересираат мислења,но пак не знам за кој дом да аплицирам,целата сум во фрки. За Гоце е добро тоа што си со една цимерка во соба ,па можеш да се спогодиш.Но,од друга страна пак ми е далеку од факсот (филолошки) и ќе треба да патувам. А,за Стив малце ме мачи тоа што се повеќе во соба ,знам зависи како ќе се поставиш,но,сепак различни карактери ,навики..ехее..а пак на 5 мин до факс е . Убаво ќе размислам,сепак на мене останува да одлучам. А ,за некои од другите домови што велите,на пр.Пелагонија или Кузман?
Тој Кузман не знам ни каде е, а Пелагонија и Стив отприлика се исто оддалечени од факултетот. Јас ќе одам на економски и сакав најпрво во Пелагонија бидејќи велат оти е најнов, најдобар, со најповолни услови, ама ми стана јасно дека ако немаш некоај врска нема да те примат и затоа сега гледам за Стив зашто тој е најблиску до факултетот, а за други студентски не ми пага на памет зашто сакам да биде блиску и да можам и пеш да одам. А штом сакаш на филолошки, заборави на Гоце ептен е далеку.
Па не се баш Стив и Пелагонија исто оддалечени... Од Стив ти требаат 10 мин. , а од Пелагонија 40. Инаку Пелагонија е приватна, средена, собите се добри, ама оваа година беа по 5 во соба , јадењето знам таму е многу убаво... Ама малку поскапо се плаќа кирија. Елена, тоа што во Гоце се 2 во соба не е баш поволно за бруцоши... Замисли се погодиш сама за викенд, ќе ти е страв и ќе пукнеш од досада, нема да познаваш многу луѓе... Или пак замисли баш таа една не ти се погоди, ќе немаш со кој муабет да си направиш, по цел ден ќе зјапаш во ѕидовите. Гоце е претежно за апсолвенти... таму се сите постари.... За Кузман не знам ништо да кажам, освен дека и таму се по 2 во соба и собите се многу мали.
Е ,за тоа што викаш во право си ,ама пак си викам ,во Стив како што се по 4-5 во соба ,се погодат да урлаат,во 3 сабајле да се собираат на кафе и сл... Сеа нормално треба и дружби,журки ,но да се знае кога ,во кое време.А ,па ако се некои да не можеш да се разбереш...ее макии ова уписиве. Јас прво мислев во Гоце ,но далеку е стварно од филолошки,па сеа еве се премислувам за Стив ,па вака така ќе се навикнам,на почеток е стварно тешко,но ќе биде. Фала ви на советите и мислењата.
Стварно се толку оддалечени? Знам дека Стив е најблиску ама исто ми рекоа дека и Пелагонија е ептен блиску и тука некаде биле ...
Пелагонија е во Кисела Вода и стварно ќе ти требаат 40 мин. пешачење. Стив дефинитивно е најблиску до Филолошки.
А,ти Мунлајт грл,бруцош ќе си годинава,така? На кој факултет ќе се запишуваш и за во кој дом планираш да аплицираш?