Ти благодарам многу и само уште едно прашање. Во барањето пиша “печатена електронска пријава” тоа фактички доколу електронски ги поднесуваме документите така? Вака ако одиме до студентски лично таму да ги предадеме тоа не треба да го штиклирам?
На кој начин и да аплицираш остави го тоа поле празно. Не им е променет документот од минатите години кога аплициравме и на двата начини.
Зависи од факултетот. Ако не си од тој град каде што си запишан на факл. можеби можат и електронски да ти ја пратат само треба да си прашаш.
Дали ќе прават проблем бидејќи ги пратив без штиклирано? Не знаев И за дипломата, може да пратам pdf од оригиналот што го скенирав за упис на факултет?
Не би требало, ама чисто да имаат увид кои документи ги имаш, според мене најдобро е да си го прикачиш пак документот со штиклирани полиња. А за дипломата, може.
Девојки, за бруцоши 5та точка е диплома, потврда или било кој документ дека сме примени на факултет. Што се смета под тоа друг документ за доказ дека сме примени, може тој листот што ни го дадоа од факултетот на денот на запишувањето? Зашто дипломата нели ни е таму
Од дипломата затоа и бараат копија ако се аплицира директно во домот, бидејќи ви е на факултет. Дипломата мора да ја имаш, а за листот еве нека кажат бруцошите. Можеш и потврда да си извадиш, имаш време.
За бруцоши таа некоја потврда за родител бранител може електронски да се достави или треба таму во дом?
Дали како потврда дека сум примена ќе ми ја прифатат потврдата објавена на веб страната на ФИНКИ(ја пишува за општа намена) бидејки кога им пишав на студентски прашања ми кажаа дека можам да ја искористам за студентски дом?
Јас побарав да ми пратат на тој мејл пред неколку дена а уште немам добиено одговор Пополнета со име и презиме ти ја пратија или тоа ние го треба да го пополниме. Ако не е пополнета ќе може да ми ја пратиш?
Мора да биде пополнета и со потпис и печат. Од вчера може да издадат потврда за бруцоши. Пиши им пак ако долго време чекаш за одговор.
Јас им напишав уште во понеделникот, но ми рекоа дека од среда можам да добијам таква потврда и да им пишам во среда. Сабајлето во средата им пишав ми ја испратија околку 18 часот.