Колку стара може да биде потврдата за редовен ученик за брат/сестра? Сестра ми има неискористена потврда од оваа година но е од декември, треба ли нова да земаме?
Колку што знам не постара од 6 месеци. Не знам колку е веродостојна информацијата. Подобро јави се и прашај си
Samo Uverenie, Potvrda, i tie dokumenti od MON treba taka? TOA UPPI prasuvav vo studentski mi rekoa ne trebaloo...
Здр некое девојче што е втора година, или погоре ако сака нека ми пише, ве молам не знам што поточно треба во студентски прашања кај нас ништо не објаснуваат, потребни ми се слики чисто онака да видам како треба да се потполнат документите, да не направам некоја грешка и тоа архивски број не знам што да пишам...
Ти препорачувам да извадиш нова. Повели, јас сум постара. Од студентски прашања ти требаат потврда за редовен студент, уверение за положени испити - одиш со уплатници и барање на студентски прашања + уппи образецот си го принташ, си го пополнуваш и го доставуваш кај нив за да ти го заверат. Архивски број треба они да ти напишат, на мојот факултет не го пишуваат, па го пишуваме истиот што го пишува на уверението.
Пополнете ги двојазичните, тие што се само на македонски јазик не се валидни, на студентски прашања ги враќале студентите, а и од МОН истото го кажале.
Здраво сакам да прашам дали тие кои имат родители земјоделци кои не се вработени не земаат месечни примања ке треба да прикачат нешто за тоа бидејќи јас извадив од ујп за годишни приходи и не знам дали треба тоа, или пак нешто од пензиско треба?
Дечки, ако некој знае да ми каже дали како примател на семејна пензија од починат родител треба да прикачам пензиски чек или друга потврда дека примам пензија и дали износот на пензијата треба да го впишам во полето ,,други нето примања,,?
износот треба да се напише кај родителот пример татко ако е починат кај полето плата/пензија на таткото
Здраво, дали и некој друг има проблем со најава на електронскиот систем за аплицирање за студентски дом? Два дена веќе пробувам ама системот не им работи...
Пробај да се најавиш од друг уред, се случува на еден компјутер да не се вклучува страната воопшто, а на друг да се вклучи без проблем. Јас не можев да се најавам од компјутер, а од телефон веднаш ми се вклучи и без проблем аплицирав.
Здраво, дали некој има проблем при поднесување на апликацијата? Пробав неколкупати и од телефон и лаптоп но ми дава неуспешно.