Да прашам нешто, мене не ми е јасно, за бруцоши тек ке поднесуваат за прием во дом а резултати на 30? Па како и што ке прават децата ако не ги примиле во дом а на први на факултет треба? Кај ке одат
Dali treba da se nosat nekoj dokumenti za vseluvanje? Negde procitav izvod trebalo,uverenie za redoven student…
Минатата година беше потребно извод, потврда за редовен студент, копија од индекс, 2 слики, уплатници и документите што се купуваат во самиот дом
Малку не ми е јасно нешто. Какво е тоа “издавање” студентски/апсолвентски соби по студентските домови?!
Доколку некој добие место, но притоа сака да престојува на друго место, тогаш го "издава" на друга личност.
Нели е тоа незаконски? И зошто некој би аплицирал за сместување во студентски, а планира да живее на др место..?
А дали е законски нормално да се издаваат станови на студенти по 300/400 евра, без сметки и притоа становите да изгледаат како глувчија дупка?!
Здраво, дали доколку аплицирам електронски на конкурсот за студентски дом, подоцна можам да го ажурирам и да додадам потврда за редовен студент бидејќи се уште не можам да ја земам од факултет?
Конкурсот е до 17ти, јас би те советувала да прикачиш се наеднаш. Не дека не може да се ажурираат, ама на еден другар не му успеа .
За жал, законски е, ама за тоа се виновни не само тие што издаваат туку и тие шо прифаќаат да плаќаат толкави суми.
Зависи што ти е приоритет.. А и Б имаат кујничка во склоп на собата, В и Г имаат купатило во соба.. А и Б имаат заеднички (за цел спрат) тушеви (како кабини едни до други) и вц шољи.. Води се по тоа + страната на која гледаат самите блокови, дали има сонце или не.. (на декој блок има табличка со буква и види си која страна повеќе ти одговара).
Дали на некој му стигна на меил потврда за редовен студент на ФИНКИ за бруцоши бидејќи денес рекоа така ке ги испратат?