Јас имам еден колега таму е сместен, кажува дека е супер, они се двајца во соба. Иако рече дека во Стив јадењето било поубаво
Дали некој знае до кога треба да се поднесат документите најкасно за сместување во домовите за тиа што не се бруцоши?Благодарам однапред...
Мислам дека најкасно до утре, бидејќи во пријавата нели имаше датум кога ќе ги носиш, и имаше од 31 до 3, така да утре е трети. И јас утре ќе ги носам и сакам да прашам, татко ми зеде документи од општина што требаше, му дале 3 уверенија (мое, од мајка ми и негово) за брат ми не бидејќи таму му рекле само 3 лични карти да даде и го пратиле кај нотар да даде изјава, е сега дали само негова изјава треба или и моја? И само тие документи треба да се земат од општина или....?
Знам дека е нелегално,ама нож до коска е дојдено,јајцето на газот,жежи! Некој да не продава соба во Пелагонија или познава некој шо продава нека ме контактира во најбрз можен рок,очајно е!
Јас ги однесов документите со приговор, бидејќи ме немаше во преелиминарна и ми рекоа на 8 ќе има резултати, но ми треба потврда од фах т.е треба да кажем дека сум на преелиминара али нема уште резултати од фах, а пишува на 5-ти ке имало...дали знае некој што е како е? Ако знае некој, ве молам нека пише...
па и нас ни требаа потврди од фах барем така пишуваше во потребни документи али не даваа на фах ни рекоја дека после 15 ке ни дадат ама кога ги дававме документите за во студентски не ни побараа такво нешто т.е. на никој не им бараја
Исабел немам седено во цртална но знам како е. Значи ова ти е соба во која седиш сам т.е. си плаќаш 1 кревет а има доволно место за двајца, ама мислам дека ти ја даваат за сам без цимерка. Е сега за изгледот зависи кој живеел претходно во неа и дали има оставено нешто во собата, дали била подсредена. Тоа ти се собите во В и Г блок на крајот од секој ходник лево е кујна (така ги викаат порано било кујна а сега се живее во нив) и десно цртална. Има цртални кои станарите си ги средиле прекрасно, но имам видено и цртални во кои има само кревет , значи може да очекуваш се. Обично немаат ниту шкаф. На крајот од зградиве се и зиме се многу ладни, а лете многу е топло во нив. Зиме без греалка неможеш. И да прогледаш преку сето тоа проблемот е што за овие соби нема веце, па ако си во Г блок има заедничко за сите тие соби на 5 спрат (веце + купатило), или ќе мора да одиш на 13 или 14 спрат кај апсолвентските соби. Во В блок веце има на приземје а за купатило (бања) мислам дека нема ќе мора да одиш во А,Б или Г блок или горе на 13 и 14 ако се договориш со некој од оние кои имаат апсолвентска да ти дадат клуч пошо се заклучуваат тие купатила.
Има ама како да го нема слаб е ептен. И плус многу страни беа забранети како социјалните мрежи, женски сајтови, вицеви зависи како е регисрирана страната. Во едниот дел на зградата немаше интернет цела година а во другиот има само до третиот ден од месецот.
Нема проблем ако нешто имаш пак да прашаш за во гоце слободно прашај се што знам ќе ти кажам. Таму имам поминато 4 години. Имам седено во А, В и Г блок и најубави се собите во Г земено во глобала.
Сликите треба да бидат онаа големина што беше порано за пасош / лична карта (мали незнам димензии ама сигурно знаеш за кои ти викам)
Да знам за какви станува збор.... А меница и обврски за жиранти може ли да се подигнат таму од некаде од студентскиот или трафика?
Обврска за жирантите веројатно ја има на http://www.smestuvanje.mon.gov.mk/ а мислам и дека овде во оваа тема некоја феминка го има постирано документот - кој мора да го пополниш дома со жиранти, освен ако жирантите не ти се во Скопје па во Скопје да пополниш. А меница можеш од било каде да купиш, можеш и од твоето родно место. Пред некоја година имаше и во продавничките околу гоце меници ама сега не би знаела со сигурност да тврдам.
Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 08.09.2011 година.. што значи резултати треба да има утре. Ова го прочитав во конкурсот: http://www.smestuvanje.mon.gov.mk/DokKonkursi.aspx
Обврската за жиранти е оваа: http://www.dsdpelagonija.mk/dokumenti/Ziranti_Smestuvanje.pdf Сликите треба да се со големина за пасош, тоа е 4,5 x 3,5 cm. Меници порано можеле да се најдат по трафики, сега била помала веројатноста, а со сигурност има во Тутунска банка.